КАФЕ ПАУЗА

10 знаци дека не сте создадени еден за друг

Осаменоста е ситуација во која не сакате да се најдете, особено кога сите околу вас се во врска или во брак. Но, од друга страна, да бидете во врска само за да не бидете сами е полошо од осаменоста. Ако љубовниот пар не е компатибилен, проблемите брзо ќе почнат да излегуваат на површина, а тоа може да резултира со постојани кавги и со привремени раскинувања, а во екстремни случаи доаѓа и до психичка или физичка агресија. Поради тоа, најдобро е да ги идентификувате работите што ве повредуваат и да ставите крај на тоа. Погледнете кои се најчестите знаци што покажуваат дека вие и партнерот не сте создадени еден за друг.rnrnrn

1. Заедно сте само за да не се чувствувате осамено

rnДали некогаш сте се нашле во ситуација да бидете со некого толку долго време, што се плашите дека нема да можете да функционирате без него. Ако тоа е единствената причина зошто сте во врска, тогаш треба да ја прекинете. Сè додека не научите да се сакате самите себе, нема да можете да сакате некој друг.rn

2. Партнерот ви е најголем критичар

rnКога сте во врска, партнерот треба да ви биде поддршка во секоја ситуација во којашто ќе се најдете. Ако постојано ве критикува, тогаш нешто не е во ред во врската.rn

3. Немате слична смисла за хумор

rnСветот може многу брзо да се претвори во тажно место ако немате со кого да се смеете. Тоа не значи дека треба да се смеете на секоја изговорена реченица, но не е здраво да бидете со некој што постојано е намрштен и на кој ништо не може да му предизвика насмевка на лицето.rn

4. Заљубени сте во фантазијата

rnМожеби уште пред почетокот на врската го идеализиравте партнерот и го замислувавте како некоја добра и грижлива личност што би направила сè за вас. Но, кога ја започнавте врската, брзо сфативте дека реалноста е многу поразлична од фантазијата. Меѓутоа, не сакате да го признаете тоа, а таквото мачкање на очите ќе ве повреди уште повеќе, па можеби е време да размислите дали сте сонувале за токму таква врска.rn

5. Не сакате да го запознаете со вашето семејство

rnАко долго време сте во врска, запознавањето со семејството на партнерот и обратно е неопходна работа. Но, ако упорно го избегнувате тој настан или ако партнерот постојано бара изговори, тогаш тоа не е добар знак. Прво размислете зошто е тоа така, а потоа преземете ги потребните мерки.rn

6. Зборови, но не и дела

rnИако ви кажува дека ве сака, неговите постапки не го покажуваат тоа. Најлесно е да се кажат овие два збора, но ако тие зборови не се придружени со внимание, со нежност, со почит и со разбирање, тогаш тоа „те сакам“ и нема некое големо значење. Дури и кога ќе го прашате партнерот дали е сè во ред, тој ќе ви одговори дека е, само за да не навлегува во какви било расправии.rn

7. Имате далечни и различни лични цели

rnВие сакате да имате деца, а тој не. Тој би сакал да се пресели во друга земја во потрага по подобра кариера, но вие не сте подготвени за тоа. Многумина лесно можат да најдат компромис, но кога вашите цели и желби се сосема различни, единственото нешто што можете да го направите е да си нанесете болка.rn

8. Покрај него се чувствувате несигурно

rnНаместо покрај него да се чувствувате задоволно и самоуверено, вие сте вознемирени и несигурни кога треба да ја соопштите вашата одлука или едноставно кога ќе сакате да ги искажете своите ставови и мислења. Поради стравот од тоа што ќе мисли или што ќе каже партнерот за вас, вие претпочитате да ги премолчите тие работи.rn

9. Постојано размислувате за претходните врски

rnАко сте во врска и постојано размислувате каде би биле сега доколку останевте заедно со поранешното момче, можеби е време да ја анализирате вашата врска, особено ако во повеќето фантазии мислите дека би биле многу посреќни со поранешниот партнер.rn

10. Треба да се промените за да не ве напушти

rnВо светот не постои ниту еден пар што е целосно задоволен од ставовите или од однесувањето на партнерот. Сепак, тоа не е причина партнерот да ве третира како домашно милениче што ќе може да го тренира, да го обликува и да го менува според своите желби.rnrnОсвен вистинската, постојат уште 4 видови љубов, па прочитајте за која од нив вреди да се борите.