Џулијан Рад, фотограф на дивиот свет од Австрија, ја има најслатката колекција фотографии од верверици, хрчаци и лисици којашто сте ја виделе. Во 2015-та година тој ја освоил и првата награда на реномираниот натпревар „Смешни фотографии од дивиот свет“, со негова фотографија од хрчак кој трча.rnrnЧесто гледаме документарци за дивите животни, но често ги игнорираме оние со кои го делиме опкружувањето. Навистина е тешко да ги фотографирате малите и брзи животни како глодарите, но Џулијан го прави тоа како професионалец. Погледнете ги неговите неверојатни дела.rn
1. Уште малку поблиску…
rnМожеби ова е реинкарнацијата на Скрат, верверицата од „Ледена доба“ (Ice Age), во неговата потрага по оревот.rn
2. Кој си ти?
rnНа оваа верверица не ѝ се непознати чудата на зимата. Таа си направила пријател, но не е сигурна дали навистина му е потребен носот.rn
3. Брканица
rnОвој брз предатор не само што изгледа како да избегал од затвор, туку победил и во натпреварот „Смешни фотографии од дивиот свет“.rn
4. Црвена верверица
rnДобре дојдовте на првиот час по јога. Оваа поза ќе ви ја излечи целата тага од Денот на вљубените, а е одлична и за вашиот грб.rn
5. Среќна лисица
rnОдеднаш се појави лисица која изгледа како самата да си кажала шега.rn
6. Ох…
rnВелат дека оревите се многу добри за вашиот мозок, а ова мало животинче го доживува најголемиот еурека момент во историјата на глодарите.rn
7. Верверица и лале
rnНема ништо подобро од мирен момент во животот кога ќе застанете да ги помирисате цвеќињата.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn