Автор: Зорица ТодороваrnrnНе секој може да го разбере сѐ повеќе популарниот културен тренд на тетовирањето. За некои луѓе тоа е сосема одвратно, премногу болно искуство за воопшто да се има предвид или пак едноставно сметаат дека имањето тетоважа значи дека никогаш нема да можете да имате успешна професионална кариера. Но за оние на кои им се допаѓа како тетоважите го менуваат нивното тело, сите овие наводно негативни последици влечат значајни искуства од кои сите можеме по нешто да научиме.rnrn
rn
1. Стандардите кои сами си ги поставувате се најважни
rnСекако, не секој ќе смета дека вашата нова тетоважа костур изгледа одлично како вас, но зошто треба тоа да ве засега? Сѐ додека вам ви се допаѓа како изгледате и се чувствувате убаво поради тоа, сите оние чудни погледи на улица се неважни.rnrn
rn
2. Првите впечатоци не се секогаш точни
rnСекој со многу тетоважи ќе ви каже дека оваа животна лекција е точна. Имањето тетоважи или такви пријатели ве учи да не го вреднувате надворешниот изглед толку многу, туку напротив, да поминете повеќе време запознавајќи ги луѓето. Позади тие истетовирани раце можеби се крие добра, интелигентна душа полна со љубов.rnrn
rn
3. Болката е привремена
rnОва може да ви го потврди секој зависник од тетоважи. Без разлика колку и да ви е висок прагот на толеранција на болка, една од тетоважите секако ќе ве боли како ништо дотогаш. Но преминувањето преку едно болно искуство на тетовирање само ќе ве направи погорди на конечниот резултат. Понекогаш забораваме дека болните искуства може да доведат до нешто големо и прекрасно.rnrn
rn
4. Стравот од нови искуства е преценет
rnПрвото тетовирање знае да биде страшно за многу луѓе. Досега не сте направиле такво нешто, а претставува обврзување за цел живот. Но повеќето од нив, кои решиле да се тетовираат и покрај стравот потоа се чувствуваат среќни со себеси.rnrn
rn
5. Значењето е субјективно…
rnСекоја личност ги вметнува своите идеи, искуства и сеќавања во својата тетоважа и она што таа значи за нив. Затоа, пред да му судите некому мислејќи дека знаете какво е значењето на нивната тетоважа, размислете повторно.rnrn
rn
6. …но не сѐ мора да има и однапред поставено значење
rnОд друга страна, не можеме да заклучиме и дека секоја тетоважа на една личност значи нешто неверојатно посебно за нив. Многу луѓе се тетовираат само затоа што им се допаѓа концептот на нешто, или пак само за да имаат што повеќе тетоважи. Не сѐ што постои мора да има некоја универзална причина за тоа, некои работи едноставно постојат.rnrn
rn
7. Не е сѐ во парите
rnЕдна од најголемите критики кои се однесуваат на тетовирањето е тоа колку е скапо. Секој тату-уметник е различен и работи според своите услови, но една солидна тетоважа во боја најверојатно ќе ве чини неколку стотици евра. Па што? Не само што добивате ново уметничко дело на вашето тело, туку и доживотно сеќавање кое ќе може да им го раскажувате на луѓето до крајот на животот. Нели е тоа бесценето?rnrn
rn
8. Ништо не е грешка ако си останете верни на себеси
rnГрешките не се важни ако верувате дека сте биле верни на себеси. Можеби на работа треба да носите облека која ги прикрива вашите тетоважи. Луѓето избрзуваат со заклучокот дека некоја тетоважа е грешка за која се каете ако ја прикривате од 9 до 5 секој ден. Уште подобро за вас, не само што ја задржувате работата која ја сакате туку ги задржувате и тетоважите.rnrn
rn
9. Забавно е да се биде во центарот на вниманието
rnДодека зјапањето во нечија тетоважа е доста некултурно, понекогаш е забавно да бидете во центарот на вниманието. Особено кога некој не може да ги тргне очите од тетоважа која ви е особено драга. И покрај тоа што не се тетовирате за да ги експонирате своите тетоважи, интересно е кога привлекуваат внимание.rnrn
rn
10. Единствениот начин да бидете навистина среќни е да бидете она што сте
rnЗа крај, последната лекција која може да ја научите од „зависниците од мастило“ е дека да го правите она што ве прави среќни е единствениот начин да живеете исполнет живот. Зошто да бидете личноста која некој друг ја посакува од вас?rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.