Една физиолошка студија спроведена од страна на Универзитетот Корнвел сугерира дека човечката сексуалност е флуидна. Резултатите покажале дека таа е многу покомплексна од традиционалните поделби на „геј“ и „стрејт“. Со други зборови, сексуалната ориентација не е бинарна туку има широк и разновиден спектар.rnrn
rnrnЗа потребите на студијата, научниците се обиделе да ја проценат сексуалната ориентација така што ги анализирале очите на испитаниците и го следеле проширувањето на зениците додека тие гледале порнографска содржина.rnrn„На хетеросексуални мажи им покажавме фотографија од жена што мастурбира, и тие одговорија онака како што очекуваме – нивните зеници се проширија. Но, кога им покажавме фотографија од маж што мастурбира, ја добивме истата реакција, само во поблага форма“, велат научниците.rnrnНикој не може да го контролира ширењето на зениците. Токму тоа и била целта на научниците, да најдат начин како да ја откријат сексуалната ориентација без да користат зборови. Кога станува збор за мажи, тие чувствуваат многу поголем притисок на оваа тема, па затоа дури и кога ќе почувствуваат некаква привлечност кон мажи, тие во никој случај не би ја признале. За жените е малку полесно, бидејќи поради непишано правило, општеството побрзо ја прифаќа нивната сексуална ориентација. Затоа и тие се посмели гласно да изјават ако почувствуваат сексуална привлечност кон друга жена.rnrnКако што можете и сами да видите од ова истражување, сексуалноста не е нешто што може да се подели на црно и бело. Од друга страна пак, таа исто така се менува и со годините. На секој човек му е потребна љубов, а дали таа ќе дојде од истиот или од спротивниот пол, ни најмалку не е важно.
Изненадувачко истражување открива дека ниту еден човек не е целосно хетеросексуален (или хомосексуален)
