Бананата е омиленото овошје на многу луѓе ширум светот. Освен што е многу вкусна, таа е и навистина здрава за организмот. Витамините и хранливите состојки што ги содржи го чуваат нашето здравје. Но, дали сте знаеле дека здравствените придобивки од бананите зависат од нивната зрелост? Тоа не значи дека треба внимателно да бирате која банана ќе ја изедете, туку дека одредено ниво на зрелост може да има подобро влијание на вашето здравје. Прочитајте зошто бананите се толку корисни за здравјето…rnrn
rn
1. Заштитуваат од онколошки заболувања
rnБананите содржат посебен протеин, познат како тумор некрози фактор, кој штити од онколошки заболувања. Зрелите овошја содржат поголема количина на овој протеин, така што се препорачува да јадете банани со дамки и потемнета лушпа.rn
2. Ги намалуваат грчевите
rnНајчестата причина за мускулни грчеви во глуждовите е недостатокот на минерали. Ако јадете производи богати со калиум и магнезиум како што се бананите, можете да ги намалите мускулните грчеви. Токму затоа бананите се неминовен дел од исхраната на многу спортисти.rn
3. Заштитува од бубрежни заболувања
rnХраната што содржи доволно калиум ја спречува појавата на камења во бубрегот. Според едно истражување, ако редовно јадете банани, ќе го намалите ризикот од заболувања на бубрезите за 40%.rnrn
rn
4. Го одржуваат здравјето на срцето
rnНа луѓето кои имаат висок крвен притисок и се изложени на ризик од кардиоваскуларни болести им се препорачува исхрана богата со калиум. Доколку консумирате по 1,3 грама калиум секој ден, ќе го намалите ризикот од срцеви заболувања за 26%. За да внесете толкава количина од овој елемент во вашето тело, треба да јадете по 2 до 3 банани дневно, во зависност од нивната тежина.rn
5. Ги прочистуваат крвните садови
rnХолестеролот е главната причина за затнување на крвните садови, што доведува до атеросклероза. Бананите содржат фитостерол кој го намалува нивото на холестерол во крвта и го одржува здравјето на крвните садови.rn
6. Го одржуваат здравјето на стомакот
rnБананите им се препорачуваат на луѓе со чир на желудникот, како и на оние кај кои постои ризик од ваква појава. Имено, ова овошје содржи посебни ензими кои го зголемуваат лачењето на слуз, кој, пак, ги заштитува стомачните ѕидови.rnrn
rn
7. Даваат многу енергија
rnБананите содржат многу витамини и минерали поради што се одличен извор на енергија. Простите јаглехидрати лесно се обработуваат во желудникот и можат да ја обноват вашата енергија за најкраток можен период.rn
8. Го подобрува расположението
rnБананите содржат допамин, познат како хормон за среќа, но и Б комплекс, кој има позитивно влијание на нервниот систем. Токму поради овие карактеристики, воопшто не треба да се двоумите дали да ги вклучите бананите во исхраната кога нема да бидете расположени.rn
9. Им помагаат на луѓето со дијабетес
rnОва тропско овошје содржи одреден тип отпорен скроб кој е корисен за луѓето со дијабетес мелитус, тип 2. Вреди да се спомене дека зелените банани содржат поголема количина од оваа супстанца. Зелената банана со просечна големина содржи 12,5 грама скроб, додека, пак зрелата содржи само 5 грама.rnrn
rn
10. Ги намалуваат килограмите
rnОтпорниот скроб не им дозволува на мастите да се складираат во телото и го зголемува трошењето на енергија што доведува до брз и видлив напредок во текот на интензивните тренинзи за слабеење. Препорачаната дневна доза од оваа супстанца е 10 грама. Секако дека покрај тоа што треба да јадете банани, треба да продолжите со правење физички вежби, како и да внимавате на исхраната.rnrnИако најдобро е бананите да се јадат свежи, доколку сте едни од ретките на кои не им се допаѓа нивниот вкус, направете си го ова здраво мока смуди со банана.