Дали кога сте сами се однесувате различно отколку кога сте во јавност? Францускиот фотограф Флоријан Буденон ја истражува оваа идеја во серијата фотографии наречена „Инстант живот“. Проектот овозможува воајерски поглед во домовите и животите на различни мажи, жени и фамилии и ги поканува гледачите да ги разгледаат нивните сопствености и однесување од птичја перспектива.rnrn
rnrnСекоја фотографија ни ги открива секојдневните однесувања кои се случуваат позади затворени врати. Субјектите можат да бидат забележаните како прават најразлични работи, започнувајќи од пробување чевли, бањање, па сѐ до читање книги. Сите овие навидум обични однесувања ни овозможуваат фасцинантна и уникатна перспектива во карактерот на секоја личност. Буденон вели:rnrn
„Ние мора да уживаме во секој момент. Проектот ‘Инстант живот’ беше создаден според оваа идеја. Секоја од овие непознати личности се сложија да споделат хоби, момент на интимност кој е многу важен за нив и кој секој од вас може лесно да го забележи.“
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.




















