10-те најдобро облечени дами на наградите „Златен глобус“

Сподели

Освен што презентираа и добиваа награди, ѕвездите на синоќешното 73-то по ред издание на наградите „Златен глобус“, заблескаа со модни комбинации кои варираа од темна елеганција до жешката и огнена црвена боја која соодветствуваше со познатиот црвен тепих.

Реклама

Погледнете кои беа 10-те најдобро облечени дами на вечерта:rn

1. Тараџи П. Хенсон

rnТараџи го прошета црвениот тепих во целосно бела вечерна тоалета на Стела Мекартни. Актерката го закити својот изглед и со еден златен глобус за најдобра изведба на актерка во ТВ серија/драма за нејзината улога на Куки во серијата „Империја“.rn

2. Џејми Александар

rnЏејми носеше темно зелен фустан во креација на италијанската модна дизајнерка Џени.rn

3. Џоан Фрогарт

rnЏоaн изгледаше гламурозно, покажувајќи го своето длабоко деколте.rn

„Слатко е и горко истовремено. Убаво е што луѓето сѐ уште се возбудени за тоа“, рече Фрогарт за финалето на серијата „Дантон Аби“.

rn

4. Бри Ларсон

rnБри изгледаше прекрасно во златен, рачно изработен фустан на Келвин Клајн.rn

„Во ред сум. Сега сум внатре во телевизорот. Се чувствувам заштитено, како да го имам оклопот на Јованка Орлеанка на мене“, вели Бри.

rnТаа го доби златниот глобус за најдобра изведба на актерка во главна улога во филм/драма, за филмот „Соба“.rn

5. Џенифер Лоренс

rnЏенифер изгледаше одлично во нејзиниот софистициран црвен фустан во креација на Диор, во комбинација со прекрасен сребрен накит. Актерката го доби и Златниот глобус за најдобра изведба на актерка во главна улога во филм/комедија или мјузикл, за филмот „Џој“.rn

6. Џина Родригез

rnЏина Родригез заблеска во вечерна тоалета во креација на Зек Позен.rn

7. Џудит Лајт

rnЏудит изгледаше фантастично во белиот костум кој одлично ѝ прилегаше на нејзиниот стил.rn

8. Лејди Гага

rnЛејди Гага го врати гламурот на „стариот Холивуд“ со рачно изработениот фустан на Версаче. Пејачката го доби и Златниот глобус за најдобра актерка во лимитирана ТВ серија или ТВ филм за нејзиниот перформанс во серијата „Американска хорор приказна“.rn

9. Рејчел Мекадамс

rnРејчел се одлучи за цветен фустан во креација на Ланвин. Taa го дополни изгледот со смел црвен кармин.rn

10. Амбер Херд

rnАмбер изгледаше прекрасно во скромен, розов фустан. На наградите беше сама, без придружбата на Џони Деп.

Најново

Може ќе ве интересира