Кој не сака да биде богат и материјално сигурен? Но, за жал не се сите подеднакво богати, а многумина самите од себе ја одбиваат енергијата за пари и просперитет.rnКога ќе се фокусирате на стекнување на материјално богатство, поставете јасни цели и секојдневно чекорете кон остварувањето на тие цели. Универзумот ви ги праќа вистинските насоки за успех и изобилие. Меѓутоа, ако сте заробени и заглавени во грешки и пропусти од минатото, потешко ќе ги забележите насоките коишто универзумот ги дава на различни начини до вашиот пат кон успехот.rnСледете ги следниве упатства за полесно да ги забележите неговите знаци и ќе сфатите каде се крие клучот од вратата на богатството.rnrn
rn
1. Изгубено-пронајдено
rnАко безуспешно со денови наназад во домот баравте некој предмет што ви треба, а потоа тоа мистериозно одеднаш се појави, тоа е знак дека следуваат позитивни промени. Доколку препознаете дека е поврзано со пари, на пример паричник, стара картичка или накит тоа значи дека вашите приходи наскоро ќе се зголемат.rn
2. Разговори за финансиско богатство
rnАко постојано во медиумите слушате или читате информации за профит или со пријателите разговарате за добра финансиска ситуација тоа значи дека парите се во близина. Универзумот на овој начин ви порачува дека наскоро ќе биде плодно и полето на вашите финансии.rn
3. Разговори за позитивни промени
rnНајчесто зголемувањето на приходите е поврзано со пронаоѓање нова работа или унапредување. Доколку постојано барате огласи за работа или ви е доверен некој важен проект, можно е реката од богатство да тргне во насока на вашата судбина. Не ги игнорирајте симболите! На пример, ако некој одеднаш ви понуди нова позиција, можеби тоа е вашата шанса за почеток на посигурен живот.rn
4. Магијата на левата дланка
rnСпоред народното верување, кога ве чеша левата дланка, тогаш универзумот најавува доаѓање на пари. Се верува дека колку подолго ве чеша толку поголем профит ве очекува. За магијата да биде посилна, се практикува триење на дланката со паричник, пари или кредитна картичка.rn
5. Среќни пари
rnАко постојано наоѓате монети по џебовите, во чантата, домот или на улица тоа значи дека вас ве очекува зголемување на профитот. Советуваме да не ги фрлате пронајдените пари туку да ги собирате во тегла (каса) и тие ќе претставуваат симбол кој ќе привлече богатство во вашиот дом. Според едно верување, не треба да се земаат пари од улица коишто се свртени наопаку туку само оние коишто се свртени така што се гледа главната страна на парата односно главата.rn
6. Пеперутка и изобилие
rnСе верува дека ќе привлечете изобилие ако во вашиот дом случајно слета пеперутка. Таа е симбол на емоции, но нејзиното неочекувано доаѓање во домот може да значи дека ви следува прилив на пари.rn
7. Кога цвеќето ќе процвета – парите се блиску
rnАко во домот имате цвеќе и ако на билките се развијат пупки, се верува дека тоа е знак дека ќе се збогатите. Билките што привлекуваат пари се драцена и красула.rn
8. Мачка и енергијата на парите
rnАко на улица често гледате мачки коишто имаат крзно во три бои, тоа е знак дека сте поблиску до успехот и финансискиот просперитет. Посебна среќа и добивка ве очекува ако ваква мачка да седи на вашиот праг.rn
9. Делете секогаш и ќе добиете повеќе
rnСе верува дека секогаш треба да им се помага на луѓето што се во неповолна парична ситуација. Постои стара изрека која гласи вака: „Ако давате, ќе добиете повеќе!“ Не бидете роб на парите туку користете го на вистински работи и секогаш бидете хумани за добрите енергетски вибрации да се враќаат во вашиот дом.rn
10. Не се жалете
rnАко стално зборувате негативно за финансиите и постојано се плашите поради неизвесната иднина, на универзумот му праќате лоши вибрации. Секој ден изговарајте – Јас заслужувам изобилие! Ќе видите како текот на животот ќе почне да се менува на подобро.rnrnПрочитајте ги и овие верувања за парите што не ви дозволуваат да успеете.