10 сериозни несакани последици од апчињата за спиење

Сподели

Постојат многу причини поради кои настанува несоницата. Дел од нив се работата, стресот, претерано пушење цигари, притисок и несигурности, проблеми во врската или огромни промени во животот. Многумина решаваат да се справат со овој проблем така што ќе почнат да пијат апчиња за спиење. Но, дали ги знаете сите оние сериозни несакани последици кои можат да настанат од долготрајното пиење апчиња за спиење?

Реклама

rn

1. Вашето тело создава отпорност кон нив

rnМногу жени и мажи кои се борат со несоница користат апчиња за спиење, кои на почетокот супер функционираат. Но, со тек на време работите се менуваат. Вашето тело полека создава отпорност на ефектот од овие апчиња, па тоа може да доведе до предозирање со фатален исход.rn

2. Парасомнија (непредвидливо однесување)

rnОдредени апчиња за спиење можат да предизвикаат парасомнија, состојба во која луѓето се во полусвесна состојба која може да доведе до месечарење или амнезија. Оние кои ја доживуваат оваа несакана последица можат да прават многу нешта додека спијат и откако ќе се разбудат да не се сеќаваат буквално на ништо. Ова однесување може да биде многу ризично.rn

3. Поспаност

rnКај некои луѓе апчињата за спиење имаат многу посилен ефект отколку кај други. Тие можат да се чувствуваат многу поспано откако ќе се разбудат утрото и тоа чувство може да ги следи и во текот на денот. Поспаноста е опасна за оние кои се зад волан. Од друга страна, некои луѓе можат без причина да се разбудат порано отколку што треба. Без разлика на ситуацијата, овие состојби влијаат негативно врз вашата ефикасност на работа.rn

4. Тие можат да создадат зависност

rnНекои жени и мажи по подолга консумација, не можат воопшто да заспијат без да се напијат од овие апчиња. Оваа состојба докторите ја нарекуваат несоница која се враќа и таа се смета за полоша од почестите проблеми со спиењето. Кај некои луѓе дури е потребна и медицинска интервенција со цел да поминат преку процесот на одвикнување.rn

5. Апчињата за спиење можат да предизвикаат чувство на горење кај срцето

rnДали тие вредат толку за следниот ден да страдате од ова непријатно чувство кај срцето? Оние кои имаат проблеми со хранопроводот и желудникот ги искусуваат овие несакани последици во многу поинтензивен степен. Студиите покажале дека користењето специфични апчиња за спиење можат да го зголемат ризикот од појава на киселини кај корисниците.rn

6. Ризик од прерана смрт и канцер

rnЕдна неодамнешна студија спроведена од Универзитетот во Калифорнија открила дека апчињата за спиење го скратуваат животниот век. Оваа студија покажала дека со нивна консумација, луѓето се изложуваат на ризик од преголемо количество апчиња за спиење. Но, не само тоа. Редовното потпирање на апчињата за спиење може да води и кон развивање рак.rn

7. Ризик од загуба на меморија

rnПостарите корисници можат да доживеат проблеми со меморијата доколку подолго време пијат апчиња за спиење. Една студија покажала дека постарите кои ги пијат овие апчиња повеќе од 3 месеци се и повеќе изложени на Алцхајмерова болест.rn

8. Алергиска реакција

rnОва е нешто со кое малкумина се соочуваат, но сепак нивниот број е доволен за да се спомне. Доколку вашето тело е алергично на некоја од состојките кои се присутни во апчињата за спиење, вие можете да развиете проблеми со дишењето и сериозно отекување на лицето.rn

9. Интеракција со алкохол

rnНекои видови апчиња за спиење кои се земаат заедно со алкохол, можат да го зголемат ефектот на двете. Како резултат, вие ќе се разбудите многу поуморни и помамурни од кога било претходно.rn

10. Промени во однесувањето

rnОние кои стануваат зависни од користењето апчиња за спиење покажуваат промени во однесувањето како нервоза и лесна иритација. Многумина исто така често се жалат и на ненадејни промени во расположението.rn

Алтернативи на апчињата за спиење:

rn

    rn011

  • Јога
  • rn011

  • Медитација
  • rn011

  • Промена во спалната соба, вклучувајќи го и осветлувањето и други елементи кои би можеле да го одвлекуваат вашето внимание
  • rn011

  • Храна која делува смирувачки на телото
  • rn011

  • Бањање
  • rn011

  • Музика која смирува
  • rn011

  • Ароматерапија
  • rn

rn 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира