На сите им се случило да се наоѓаат во ситуација кога сфаќаат дека врската не води никаде или дека се движи во лоша насока. Но, треба да знаете како да го препознаете тој момент и како да се заштитите од непотребна болка и од губење време. Овие 10 работи може да укажуваат на тоа и се поврзани со барањата на партнерот.rnrn
rn
1. Партнерот бара да направите голема промена во животот
rnКоментарот за фризурата што не му се допаѓа или превртувањето очи за тоа колку време трошите за играње игри е една работа, но ако партнерот од вас бара да ги смените клучните работи како кариера, религија или ставови што сметате дека се важни за вашата личност, тоа е сериозен аларм.rnrnВажен дел од односите е да се откажете од обидот да ги контролирате другите луѓе, особено партнерот. Наместо да се обидува да ве промени, партнерот треба да ве поддржува во вашите цели.rn
2. Ги бара вашите лозинки
rnТајните помеѓу партнерите може да бидат лоши за врската, но тоа не значи дека немате право на приватност. Ова особено важи за за вашиот телефон или за профилите на социјалните мрежи.rnrnБарањето увид во сè што правите или во интимните работи што ги споделувате со пријателите (како што се нивните проблеми) е показател за преминување на границите. Ако вашиот партнер чувствува потреба постојано да го проверува вашиот телефон, вистинскиот проблем е во тоа што тој не ви верува, а тоа е проблем што треба да се реши. Довербата е основа на секоја здрава врска.rn
3. Партнерот инсистира на 50-50 во сè
rnЕдноставно нема пола-пола делење на одговорностите во бракот или во врската. Успешните парови знаат дека понекогаш едната страна треба да се жртвува повеќе, а друг пат другата. Всушност, во најдобрите врски, тешко е да се каже кој дава повеќе бидејќи партнерите не собираат поени.rnrnНишто не ја убива љубовта како обидот да се бројат поени околу миењето садови или чистењето. Се разбира, доаѓа време кога сите парови го прават тоа заради замор и фрустрација, како што е зголемен обем на работа или принова, но тоа треба да се реши со разговор и да побарате повеќе помош.rn
4. Бара од вас да чувате страшна тајна или да го поддржувате во некоја голема лага
rnНе станува збор за избегнување ручек со родителите така што ќе измислите бела лага, туку за големи работи, односно за некои неморални или нелегални работи. Неправедно е вашиот партнер да ве постави во позиција во којашто треба да изберете помеѓу неговата љубов и правилното постапување.rnrnАко вашиот партнер треба да скрие нешто или да лаже, најдобро е да го оставите сам да се справи со последиците од сопствените постапки.rn
5. Простување неверство
rnИзневерувањето на партнерот, дури и ако е само еднаш, е ефикасен убиец на довербата и на врската. Ако партнерот очекува да преминете преку тоа или едноставно да го преболите неверството само затоа што се извинил, тоа е смрт за врската.rnrnОд вас не може да се очекува толку едноставно да простите и да заборавите нешто сериозно како што е неверството. Ако вашиот партнер е подготвен да ја прифати одговорноста и да се промени, тогаш можете да размислите да се обидете да ја спасите врската.rn
6. Да ја напуштите својата работа
rnНекои мажи ја дефинираат својата машкост според својата способност да станат хранители во врската и тоа функционира кај некои врски, но може да им наштети на другите – особено ако тој бара од вас да ги намалите вашите таленти, способности или можностите за кариера само поради неговото его. Откако паровите ќе сфатат дека не постои рецепт за совршена врска, дури тогаш можат да се отворат кон среќата што инаку не би ја имале.rn
7. Притискање да правите работи што не ви се допаѓаат во текот на сексуалните односи
rnСексот е интимен чин, а вашиот партнер секогаш треба да ги почитува вашите желби и потреби во спалната соба. Тоа вклучува и да не ве принудува на нешто што не ве интересира или не ви се допаѓа.rnrnАко веќе сте кажале „не“ на сексуалниот чин, каков и да е, вашиот партнер треба да се воздржи од тоа да ве прашува повторно и повторно.rnrnОвој вид однесување покажува дека вашиот партнер не ве почитува и дека ги става своите сексуални потреби пред вашата удобност и сигурност.rn
8. Ви забранува да зборувате за нешто
rnБез разлика дали станува збор за неговата мајка, за поранешниот партнер или за нешто што ве интересира, сите имаат тешки теми кои повеќе би сакале да ги избегнат отколку да разговараат за нив. Но, избегнувањето на разговорите за работи што влијаат врз двајцата партнери во врската може да биде многу штетно, особено ако вашиот партнер го негира вашето право на вашите чувства.rnrnВашиот партнер никогаш не треба да бара од вас да не зборувате за вашите чувства. Чувањето на работите во себе е токсично, а разговорите ви овозможуваат да дојдете до коренот на проблемот.rn
9. Ве присилува да го трпите непочитувањето од страна на семејството
rnБез разлика дали станува збор за неговото или за вашето семејство, никој не треба да трпи непочитување, а партнерот не смее да го поддржува тоа, туку треба да ве заштити.rnrnНавредите, игнорирањето и емоционалните уцени од кои сакате да се оддалечите се аларм, а партнерот мора да застане зад вас и не треба да бара од вас да го игнорирате лошото однесување.rn
10. Бара од вас да го прекинете пријателството
rnНа вашиот партнер можеби ни вашата сестра нема да му биде симпатична, а камоли вашата најдобра пријателка, но сепак треба да ја почитува вашата врска со нив. Вашиот партнер никогаш не треба да бара од вас да изберете помеѓу него и некој друг што го сакате или да бара да ги прекинете врските со пријателите или со семејството само затоа што не му се допаѓаат одредени луѓе.rnrnВо ред е да ви каже како се чувствува и да ви посочи ако тие луѓе негативно влијаат врз вас, но вие одлучувате кој останува во вашиот живот.rnrnПрочитајте како да ја распламтите страста во врската на невообичаени начини.