Подрумите и сличните простории се одлични за складирање на работите што не ги користите често, но дали ладниот и затворен простор е најдоброто место за сите нив? Пред да складирате нешто во вашиот подрум размислете убаво дали ќе „преживее“ во такви услови. Наш совет е да избегнувате да ги складирате следниве предмети во подрумите…rnrn
rnrn
1. Играчки
rnПолнетите и кадифените играчки не би требало да се чуваат во подрум бидејќи собираат прашина, влага, инсекти, па дури и глувци. Со времето ќе се уништат и ќе бидат потенцијален извор на зарази. Ако не сакате да ги подарите, а немате каде да ги ставите освен во подрум, набавете кутии со херметичко затворање и ставете ги играчките во нив.rn
2. Книги
rnАко планирате вашите книги од детството да ги зачувате за вашите деца, чувањето во подрум не е добро решение. Со текот на времето лепакот што ги држи страниците ќе попушти, листовите ќе станат жолти, а постои и ризик тие да бидат изедени од глувци и други инсекти.rn
3. Теписи
rnЗавитканите теписи се феноменален дом за инсекти и глувци. Исто така, влакната од теписите собираат влага и лош мирис поради што тие со текот на времето ќе се распаднат.rn
4. Дрва за огрев
rnНе е добра идеја бидејќи дрвата влечат влага поради што потешко ќе горат.rn
5. Запаливи супстанци
rnСекако дека прво место што ни паѓа на памет за складирање на фарбите, горивото за скара и керозинот е подрумот. Но, чувањето запаливи супстанци таму може да биде многу опасно, особено ако во близина постои печка, грејач за вода, машина за сушење… Попаметно е да ги оставите во гаража или во шупа.rn
6. Мебел
rnАко не сакате да мувлоса, чувајте го мебелот подалеку од подрумот.rn
7. Стара облека
rnСекое друго место е подобро од подрумот. Молците најмногу ја сакаат облеката, особено кожата, крзното и волната, а подрумот е нивен малечок рај.rn
8. Електронски уреди
rnАко сакате да зачувате некој стар уред, складирајте го на некое друго место бидејќи влагата и ниските/високите температури можат да го уништат.rn
9. Важни документи, хартии, фотографии
rnВлагата и водата можат целосно да ги уништат. Ако немате друг избор, хартиите и фотографиите соберете ги во пластична кутија, па потоа ставете ги во подрум.rn
10. Храна
rnПодрумот е омиленото место за чување зимници и зеленчук, но не е паметно цела храна да се чува таму. Сите намирници што можат да се расипат треба да ги држите подалеку од подрумот бидејќи привлекуваат мувла и инсекти.rnrnПрочитајте и кои 10 предмети непотребно ги собирате во вашиот дом.