КАФЕ ПАУЗА

10 проблеми со кои се соочуваат оние кои флертуваат онлајн

10 проблеми со кои се соочуваат оние кои флертуваат онлајн

Дали барате потенцијални партнери по социјалните мрежи? Дали го минувате слободното време во допишување на Фејсбук и флертување онлајн? Ова се дел од проблемите и ситуациите со кои секојдневно се соочуваат оние кои бараат потенцијални партнери на интернет.rnrn10 проблеми со кои се соочуваат оние кои флертуваат онлајнrn

1. На вашите пријатели смачено им е да ги слушаат вашите приказни

rnПостојано имате нешто ново да кажете, да се пофалите, иако и сами сте свесни дека сè уште не сте се ни виделе во живо. Но, вашите разговори се доста интересни и чувствувате потреба да кажете дека и кај вас се случува нешто ново.rnrn10 проблеми со кои се соочуваат оние кои флертуваат онлајнrn

2. Сте се претвориле во демначи на социјалните мрежи

rnСè почна така наивно и невино, но пред да се свестите сфаќате дека сте станале вистински демначи. Знаете сè за него/неа што некогаш се чувствувате како детектив. Каде е, што прави, што сака а што не, какви размислувања има за животот и сл. Го отворате неговиот/нејзиниот профил најмалку 5 пати дневно.rnrn10 проблеми со кои се соочуваат оние кои флертуваат онлајнrn

3. Губите контрола над компјутерот

rnНекогаш едноставно ви се чини дека сè излегува од контрола. Веќе не сте сигурни кога е вклучена вашата камера, дали се допишувате или се гледате онлајн. Што е најстрашно, се допишувате со повеќе од една личност, па ви се случува да заборавите што кому сте кажале или излажале. Псст.rnrn10 проблеми со кои се соочуваат оние кои флертуваат онлајнrn

4. Ваше хоби стана гледањето туѓи слики

rnТолку време сте минале гледајќи и анализирајќи туѓи слики, што мислите дека би требало да се сметате за професионалец.rnrn10 проблеми со кои се соочуваат оние кои флертуваат онлајнrn

5. Премногу размислувате што значи секој ваш или негов/нејзин потег

rnВи лајкна пост, што сака да каже со тоа? А, ако вие лајкнете негова/нејзина објава, дали ќе сфати што сакате да му/ѝ кажете?rn

6. Пречесто употребувате емотикони

rnСмајли, кис, анимирана прегратка.rnrn10 проблеми со кои се соочуваат оние кои флертуваат онлајнrn

7. Никако отворено да признаете како се чувствувате

rnВртите и заобиколувате со месеци, а никако да кажете како се чувствувате или да го/ја поканите на состанок.rnrn10 проблеми со кои се соочуваат оние кои флертуваат онлајнrn

8. Иако никогаш не би признале, често ги отворате профилите на бившите

rnКога веќе сте пред компјутер, би можеле само да ѕирнете што има ново кај нив.rnrn10 проблеми со кои се соочуваат оние кои флертуваат онлајнrn

9. Креирате алтер его на социјалните мрежи

rnНе сте она што навистина сте во реалниот живот. На Фејсбук сте она што сакате да бидете и се трудите да ве гледаат онака како што сакате да се претставите. Што ви е гајле, сите го прават тоа.rnrn10 проблеми со кои се соочуваат оние кои флертуваат онлајнrn

10. Многу сте похрабри отколку во живо

rnИ тоа понекогаш ве загрижува. Што ќе правите кога ќе се видите во живо?