10 причини зошто вашата ќерка е најголемиот подарок што некогаш сте го добиле

Сподели

Откако ќе се породите и за прв пат насамо ќе ја земете во раце вашата ќерка, знаете дека вашиот живот се сменил на подобро. Тоа е најголемиот подарок кој некогаш сте го добиле.

Реклама

rn

1. Таа ви е најдобриот пријател

rnЗаедно се смеете, додека јадете сладолед кој ви се топи и ви капе по рацете. Се „туткате“ заедно под јорганите. Се сакате безусловно, се извинувате кога ќе грешите, си верувате, поврзани сте и комуницирате. Времето поминато задно ви претставува вистинско богатство.rn

Реклама

2. Нејзината убавина ви го одзема здивот

rnЗа вас не постои поубава личност од неа, однадвор и однатре. Нејзиното милостиво срце, авантуристички дух и мили очиња секој ден ќе ве потсетуваат дека сè уште има добри нешта на овој свет.rn

3. Таа ќе се грижи за вас кога ќе остарете

rnТаа ќе се грижи за вас кога вие веќе нема да можете. Можеби ќе зависите од неа, но кога ќе дојдете на крајот од животната патека нема да постои личност со која ќе посакате да поминете повеќе време.rn

4. Таа се огледува на вас

rnДодека е малечка таа мисли дека можете да ја прегрнете месечината. Го прифаќа во целост она што го велите, само затоа што вие го велите. Секогаш е на ваша страна кога светот ви вели дека не сте доволно добра, важна или паметна. Таа секогаш верува во вас!rn

Реклама

5. Нејзината насмевка е заразна

rnБез разлика што ви носи денот, насмевката на вашата ќерка ќе направи светот повторно да ви изгледа како добро место, барем на момент. Таа е моќна, магична и духовна.rn

6. Вашата врска е нераскинлива

rnИ кога се тинејџерските години во прашање, кога имате многу несогласувања и долги дискусии, вашата врска останува нераскинлива. Таа е многу важна и бесценета.rn

7. Таа е ваша и горда сте што ја нарекувате така

rnФалете се со ќерка ви без извинување. Светот треба да знае дека тоа прекрасно, мило, внимателно, слатко, паметно и талентирано дете ви припаѓа вам. Таа е најголемиот извор на гордост.rn

8. Таа е единствената работа која знаете дека е правилна

rnЗа колку и работи да сте погрешиле, таа никогаш нема да биде една од нив. Погледнете ја и ќе знаете дека сте сториле нешто правилно во вашиот живот.rn

9. Таа е најдоброто од вас и од татко ѝ

rnСè што сакате кај нејзиниот татко ќе го пронајдете и кај неа. Вашите предности се очигледни кај неа. Таа го поседува најдоброто од вас двајца без многу маани.rn

10. Таа ќе биде ваша засекогаш

rnТој бесценет извор на среќа и задоволство е ваш. Таа е вашата ќерка, вашиот живот, вашата светлина. Таа е ваша. И синот е ваш сè додека не се ожени, но ќерка ви е ваша до крајот на животот.

Најново

Може ќе ве интересира