Автор: Марија П.rnrnСе наближуваат новогодишните и божиќните празници, а вие сè уште не сте купиле подарок за најблиските? Погледнете неколку предлози со кои сигурно ќе измамите насмевка и задоволство на нивните лица, а вашиот гест ќе ги стопли за време на студените денови.rnrn
rnrn1. Салонки на висока потпетица – Секоја девојка сонува за ваков подарок. Одлични за време на најлудата ноќ.rnrn
rnrn2. Ракавици – Со весел дезен, никого нема да остават рамнодушен. Плус, ќе им ги стоплите рацете.rnrn
rnrn3. Пар чорапи – Шарени и штосни, можат да се подарат на пријател или на близок роднина.rnrn
rnrn4. Комплет долна облека – Изненадете ја вашата сакана со прекрасен комплет. Ќе ви биде благодарна.rnrn
rnrn5. Паричник – Не заборавете да ставите некој денар внатре. :)rnrn
rnrn6. Торба за викенд – Доволно голема за да ги спакувате најбитните работи за да заминете на новогодишна забава надвор од градот.rnrn
rnrn7. Џемперче – Интересен дизајн. Впечатлива боја.rnrn
rnrn8. Миризлива свеќа – За долгите зимски ноќи… Предлагаме со мирис на цимет и ванила.rnrn
rnrn9. Сет: гел за туширање и лосион за тело – убаво спакувани…rnrn
rnrnили… пенлива купка која се раствора во вода – ќе создаде пена, а на кожата ќе остави блескав траг.rnrn
rnrn10. Книга – Колку повеќе страници, толку подолго задоволство.rnrn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
