КАФЕ ПАУЗА

10 правила за пријателите со бенефиции

Во периодот на летните месеци многу повеќе се фокусираме на забава отколку на сериозни врски. Затоа и бараме летен флерт или пак релаксирана врска, односно нешто како „пријатели со бенефиции“. Иако звучи прелесно, летните флертови понекогаш се тешки за одржување и често знаеме да се залетаме. Ако ги следите овие 10 правила, вашиот летен флерт ќе е успешен, а вие нема да завршите на каучот, со чаша вино, чоколадо и пакетче шамичиња до вас.rnrn1-10-pravila-za-prijatelite-so-beneficii-kafepauza.mkrn

1. Забрането врзување

rnЗлатното правило на ваквите врски е да не се приврзете кон личноста со која спиете. Ако таа личност ви стане најважното нешто во животот (а вие сигурно не сте во нејзиниот) тогаш оваа кежуал врска е осудена на пропаст. Освен ако сакате навистина многу да страдате, тогаш слободно приврзете се.rn

2. Без емоции

rnВо ваквите врски, една од најчестите и најголемите грешки се нереалните очекувања. Сексот е само секс, а чувствата оставете ги за идното момче. Без значајни разговори, интимни вечери и најголемото правило: без повици доцна навечер бидејќи имате потреба од некој. Личностите кои се впуштаат во вакви врски се наменети само за да поминете убава вечер и да не сте сами, а не за да ве слушаат како не сте го преболеле бившиот. Ваквите врски се наменети за да се едноставни, нема потреба од комплицирање.rn

3. Забрането оставање ствари

rnОставањето на лични работи значи дека вашата врска станала интимна и е знак на поврзување. Никако не смеете да дозволите ова да се случи. Истата секунда кога некој од вас двајца ќе остави каков било предмет кај другиот, тоа станува нешто многу лично и интимно. Тоа во ваквите врски е одвишно.rn

4. Не си го пикајте носот во туѓа интима

rnНајмалку што треба да се грижите е дали ќе се смири со бившата/иот или пак има нов/а дечко/девојка. Вие не сте девојката/дечкото, вие не сте љубовници, вие сте едвај пријатели. Најточна дефиниција е дека само спиете заедно и повремено се грижите еден за друг. Неговиот/нејзиниот љубовен живот не треба да ве интересира бидејќи вие не сте дел од него. Запомнете дека немате никакво право да бидете љубоморни.rnrn2-10-pravila-za-prijatelite-so-beneficii-kafepauza.mkrn

5. Немате право да го/ја повикате ако сте тажни

rnСамо затоа што е кежуал врска, за жал не можете да барате услуги од него/неа. Тоа е задача на дечкото/девојката, а не на личноста со која повремено спиете.rn

6. Без долги разговори

rnОва е продолжение на правилото за емоциите со малку повеќе информации. Иако е тешко да не се приврзете кон некој со кого спиете, но кога додавате работи на таа „врска“ само ги комплицирате работите и си отежнувате на себеси. Немојте од мравка да правите слон.rn

7. Не се гледајте премногу често

rnЗа да ги избегнете долгите разговори и мешањето емоции, немојте често да се дружите. Поточно, не наоѓајте причина да се сретнете, освен ако се работи за секс.rn

8. Поставете лични правила кои и двајцата ќе ги почитувате

rnУште пред да ја започнете ваквата врска, договорете правила на однесување кои и двајцата ќе ги почитувате. Не оставајте никакви дупки во правилата и осигурете се дека и двајцата сте на иста бранова должина.rn

9. Бидете спремни за крај во секоја секунда

rnАко почнува да ви значи, тогаш прекинете да се гледате. Ако почне да ве третира навистина лошо или покаже какво било непочитување тогаш ставете крај. Постои разлика помеѓу кежуал врска и искористување некого.rnrn3-10-pravila-za-prijatelite-so-beneficii-kafepauza.mkrn

10. Бидете спремни тој/таа да стави крај во кој било момент

rnНемојте премногу да се отпуштите и да заборавите дека ова не е нормална врска. Иако уживате во вниманието, галењето и бакнежите никогаш не заборавајте дека секоја секунда тоа би можело да заврши. Во случај да се заборавите и да се залетате, на крајот вие ќе бидете повредени и непотребно ќе патите.