10 подароци кои вашиот сопруг тајно ги посакува

Сподели

И мажите сакаат изненадувања и подароци, иако не секогаш го признаваат тоа. Доколку вашиот сопруг не ви кажал што сака, погледнете ја оваа листа и изненадете го со нешто. За малите изненадувања не ви е ни потребен повод, можете да му го разубавите кој било ден.rn

Реклама

1. Правете ги работите што тој ги сака

rnТој нема да ве натера да правите нешто што не сакате. Но, ќе се чувствува навистина убаво и сакано ако направите нешто што тој го сака, на пример, да гледате фудбал со него.rn

2. Традиција

rnДајте му подарок кој ќе трае постојано, и кој ќе стане ваша традиција со која ќе создавате прекрасни нови спомени. Можеби ќе се одлучите секоја сабота да возите велосипеди, или пак, еднаш неделно да готвите заедно.rn

Реклама

3. Интерна шега

rnНајдобрите подароци секогаш се наједноставни, но со големо значење. Дајте му подарок кој ќе го потсетува на некоја шега која ја разбирате само вие двајцата.rn

4. Авантура

rnНаправете мал лов на богатство, или одете на прошетка во некоја шума. А за вечера пак, можете да пробате и некоја чудна храна.rn

5. Нека научи нешто ново

rnКога ќе го запишете на часови по гитара или пак ќе му набавите материјал за да го научи јазикот кој го сака, не само што ќе му помогнете да ја оствари својата цел, туку на овој начин ќе му покажете дека верувате во него и во неговите способности.rn

Реклама

6. Состанок

rnТој нема да ви рече да го викнете на состанок. Но верувајте дека навистина ќе се израдува кога ќе го поканите на вечера. Бидете креативни, или пак одете во кино или во некој ресторан.rn

7. Време за гушкање

rnИ машките сакаат да се гушкаат. Поминете ја целата вечер во прегратките на партнерот.rn

8. Направете да се чувствува секси

rnТој нема да ви бара комплименти, но навистина ќе му значи кога ќе му кажете колку убаво изгледа.rn

9. Технологија

rnДенес имаме огромен избор на вакви играчки. Изненадете го со полнач за телефон на соларна енергија или пак мал принтер кој го претвора телефонот во инстант фотоапарат.rn

10. Љубовно писмо

rnНе мора да пишувате многу. Доволно е скришно да ставите мала слатка порака во неговиот џеб која ќе му го разубави денот кога ќе ја пронајде.

Погледнете уште неколку совети кои ќе ви помогнат да го одберете совршениот подарок за него.

Најново

Може ќе ве интересира