КАФЕ ПАУЗА

10 нешта кои секоја девојка со облини треба да ги чуе

Високи, ниски, дебели, слаби, витки или со облини – сите ние сме различни. Но, поради некоја причина, луѓето си дозволуваат да коментираат за вашиот изглед, особено ако сте со прекумерна тежина. И покрај тоа што поголемиот дел од девојките најчесто не дозволуваат овие забелешки да допрат до нив, сепак постојат дел кои можат да станат депресивни како резултат на критиките. Токму затоа сметавме дека ви е навистина потребно да ги слушнете и следниве 10 нешта…rnrn10 нешта кои секоја девојка со облини треба да ги чуеrn

1. Кога луѓето ве нарекуваат прекрасни, верувајте им

rnВие можеби не се чувствувате како да припаѓате во категоријата на убави и прекрасни личности, но моментот кога ќе престанете да им се восхитувате на преслабите модели од насловните и ќе почнете искрено да се гледате себеси, ќе сфатите дека вие сте навистина прекрасна личност. Престанете да барате маани во себе, фокусирајте се на позитивните нешта.rn

2. Вие сте неверојатни поради вашето тело

rnМора да почнете да го прифаќате фактот дека убавината доаѓа и од внатре, и однадвор. Секоја личност е прекрасна на свој начин и сите ние сме многу повеќе од нашето тело.rn

3. Не мора да вежбате редовно само за да се чувствувате подобро

rnМногу луѓе веруваат дека се оправдуваат за својата тежина со тоа што почнуваат да вежбаат. Но, ова не е вистина. Не е грев да се прифатите онакви какви што навистина сте. Да, редовното вежбање води кон физички и ментални здравствени придобивки, но не мора да го правите тоа со цел да докажете нешто некому. Правете го за вас и вашето здравје.rn

4. Вашето момче може да ве крене во раце без да си го скрши грбот

rnКолку и да не ви звучи неверојатно, тоа е вистина. Дури и да сте многу потешки од него, не ја потценувајте неговата сила. Тој може да ве издржи, без притоа да страда од болки во грбот. Не се ограничувајте за ништо поради вашата тежина.rn

5. Сосема е во ред да се заљубите во себе

rnБез разлика на начинот на кој изгледате, вие треба да бидете заљубени во себе. Не постои ништо чудно во тоа, ниту пак на тој начин станувате нарциси. Всушност, вие ќе се чувствувате многу послободно доколку вистински и во целост се сакате.rn

6. Постојат мажи кои ги преферираат поголемите девојките

rnПостојат многу мажи на оваа планета кои попрво би одбрале девојка со облини отколку претерано слаба девојка. Вие не треба да се помирите со партнер кој едвај го прифаќа вашето тело, туку треба да најдете некој кој ќе ве сака во целост, заедно со вашето тело.rn

7. Има вистина во изреката дека дебелите девојки имаат згодни момци

rnСпоред едно истражување, момците кои се над просекот, поточно, кои се во добра форма и мускулести, најчесто се во врска со девојки кои имаат прекумерна тежина.rn

8. Можете да носите сè што ќе посакате

rnФрлете ги правилата за стил низ прозорецот и носете го тоа што го сакате и во кое се чувствувате удобно. Носете бикини, тесни фармерки, па дури и хеланки. Правете го она кое ве прави среќни.rn

9. Градите со различна големина се сосема нормална појава

rnСкоро секоја девојка на оваа планета има една града која ѝ е поголема од другата. Тоа е сосема нормална појава, бидејќи двете половини од вашето тело не се идентични, а тоа ги вклучува и градите.rn

10. Можете слободно вие да бидете одозгора за време на сексот

rnСтравот дека ќе го повредите ако сте од горе за време на сексот, особено ако тој е многу послаб од вас, не само што е нелогичен, туку е и сосема неточен. Тоа е исто како да кажете дека тој би ве повредил вас доколку е обратна ситуацијата. Размислете…