Животот е убав, исполнет, волшебен, но дава онолку колку што сме подготвени да земеме и остава трага зависно од интензитетот со кој сме подготвени да даваме. За мнооооогу години од сега, кога ќе го земате последниот здив, гледајте да бидете во состојба да си ги кажете овие 10 нешта искрено во себе. А, на секоја од нив, работете во текот на животот.rnrn
rn
1. „Го следев срцето и мојата интуиција.“
rnОва е твој живот, и тоа краток. Не прифаќај туѓи, погрешни одлуки. Не дозволувај други да те ставаат в кафез. Пробувај сè што сакаш да пробаш. Оди каде што сакаш да одиш. Следи ја својата интуиција.rnrnКако што рече Стив Џобс:rnrn
„Твоето време е ограничено. Затоа, не троши го живеејќи нечиј туѓ живот. Не дозволувај шумови од туѓите размислувања да го надвикаат твојот внатрешен глас, срце и интуиција. Тие, на некој начин, знаат што навистина сакаш да постанеш. Сè друго е секундарно.“
rn
2. „Го кажав она што имав потреба да го кажам.“
rnНе воздржувај се под притисок на мислењето на средината за она што е прифатливо или неприфатливо. Секако, не можеш туку-така да пцуеш кога ќе ти текне или да се однесуваш недолично, но секогаш кажувај го она што имаш потреба да го кажеш. Тоа можеби ќе биде единствената таква прилика што ќе ја добиеш.rnrnНе цензурирај се себеси. Зборувај ја вистината! Твојата вистина…rn
3. „Го направив она што сакав да го направам.“
rnСекое утро си соочен/а со два избори: да го истуркаш денот, без притоа да знаеш што ќе се случи и едноставно да реагираш на ситуациите во моментот кога ќе се случуваат или пак, да го поминеш денот давајќи му насока на својот живот, донесувајќи сопствени одлуки, градејќи ја својата судбина.rnrnНајголемата дарба што ја имаат некои посебни луѓе во однос на просечните, се состои во нивната способност да преземат акција за да направат физички нешто што ќе ги одведе од точката во која се наоѓаат до точката каде што сакаат да бидат. Ова не е лесно, но на крајот, многу повеќе ќе се исплати маката од самодисциплината која си морал/а да си ја поставиш за да го направиш она што треба, одошто да страдаш поради каење и разочарување од неисполнување на своите соништа.rnrn
4. „Направив разлика во светот.“
rnОд животот го добиваш она што ќе го внесеш во него. Кога влијаеш позитивно врз некој, всушност си влијаеш позитивно и на самиот себеси. Направи нешто големо за некој друг, нешто што ќе им помага на луѓето и ќе ги прави среќни.rnrnВака можеш да го смениш светот, можеби не целиот, но светот на личноста што стои до тебе.rnrn
5. „Знам што е вистинска љубов.“
rnДа најдеш животен сопатник или пријател не значи дека треба да се трансформираш во некоја совршена слика од себеси која мислиш дека нив би им се допаднала. Треба да бидеш она што си и потоа да најдеш некој што тоа ќе го цени. Врските треба да се избираат внимателно и мудро.rnrnПодобро е да си сам/а отколку во лошо друштво. Ако нешто треба да се случи, ќе се случи во вистинското време, со вистинската личност и поради вистинската причина.rnrnТруди се да станеш најдобрата личност што е можно, а кога ќе бидеш спремен/а, универзумот ќе го почувствува тоа и ќе ти овозможи да доживееш вистинска љубов, сосема неочекувано.rnrn
6. „Јас сум среќен/а и благодарен/а.“
rnМалку е потребно за среќа. Сè е во тебе, во начинот на кој размислуваш, како се перципираш себеси и сè околу тебе. Тоа го правиш свесно и по навика. Внимателно избери ја леќата низ која ќе гледаш на животот. Мора да избереш да бидеш среќен/а.rnrnГолем удел во среќата има благодарноста. Треба да бидеме благодарни за она што го имаме.rnrnКако што еднаш убаво кажа Мик Џегер:rnrn
„Не можеш секогаш да го добиеш она што го сакаш, но ако понекогаш се обидуваш, може да го добиеш она што всушност ти треба.“
rnПогледни наоколу. Цени ги нештата што ги имаш во моментот. Многумина не се толку среќни.rnrn
7. „Горд/а сум на самиот/а себе.“
rnТи си самиот на себеси најдобар пријател, но и најдобар критичар. Без разлика на мислењата на другите, на крајот на денот, единствено твојата рефлексија во огледалото те гледа тебе во очи. Како гледаш на оваа личност е она што го одредува твоето добро чувство на долгорочен план.rnrnГордеењето со самиот себе е поврзано со силната самодоверба. Луѓето кои се горди на себе имаат страст во животот, се чувствуваат задоволни и се добар пример за останатите. За ова треба да погледнеш однапред во личноста која сакаш да станеш и максимално да се потрудиш да пораснеш како индивидуа.rnrnГордеењето со себе не значи фалење. Тоа е како да си тивко свесен/а дека вредиш многу. Не значи ниту дека си совршен/а, бидејќи никој не е, но кога знаеш дека вредиш, знаеш дека заслужуваш да бидеш сакан/а и прифатен/а од средината.rnrnЗабележувај ги сопствените успеси и слави ги. Тоа ќе ти ја зголеми самодовербата. Забележувај ги и сите позитивни особини, сите квалитети кои ги поседуваш, а кога ќе забележиш некоја негативна, не депримирај се, туку само работи на тоа да ја поправиш.rnrn
8. „Станав најдобрата верзија од самиот/а себе.“
rnАко се обидуваш да бидеш некој друг, веројатно нема далеку да стигнеш. Правејќи го тоа, ѝ го трошиш времето на личноста којашто си ти. Силата, успехот и задоволството доаѓаат од чувството на удобност во сопствената кожа.rnrnЏуди Гарланд вели:rnrn
„Секогаш биди првокласна верзија од самиот себе, наместо второкласна верзија од некој друг.“
rnНе постои живот во туѓи чевли. Единствените чевли кои можеш да ги носиш се твоите. Запомни дека во секој момент, единствената личност со која вистински се натпреваруваш си ти самиот/а. Се натпреваруваш да бидеш најдобар/а што можеш.rnrn
9. „Им простив на сите што ми згрешиле.“
rnСите сме биле повредени од некого во животот: некој лошо се однесувал со нас, ни ја изневерил довербата, ни го скршил срцето. Оваа болка е нормална, но ако ја оставиме да трае, може да си направиме проблеми. Не само што ќе бидеме несреќни, туку може да си ги уништиме врските, да го изгубиме фокусот на работа, да станеме затворени за нови нешта и нови луѓе. Се заробуваме во круг од гнев и болка и ја пропуштаме приликата да уживаме во убавината на животот додека тој се одвива.rnrnЖалењето е џабе потрошена среќа. Простувањето значи ослободување на затвореникот од ќелијата во која затвореникот всушност си бил/а ти.rnrn
10. „Не се каам за ништо.“
rnОва е кулминација на сето претходно. Следи си го срцето! Биди искрен/а кон самиот/а себеси! Кажувај го она што сакаш да го кажеш! Биди добар/а со другите! Понуди ја твојата помош кога си во можност! Сакај ги оние кои заслужуваат! Цени го она што го имаш! Смеј се! Слави ги твоите мали победи! Учи од сопствените грешки. Простувај! И… откажи се од нештата кои не можеш да ги промениш!rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
