Доколку сте биле во токсична врска, тој период сигурно ви бил вистински пекол. За среќа сте успеале да се ослободите и сега сте целосно нова личност. Можеби веќе знаете кои нешта ќе се променат, но постојат навистина неочекувани нешта што ќе се случат откако ќе ставите крај на токсичната врска.rnrn
rn
1. Ќе ги обновите вашите интереси
rnСтраста што некогаш сте ја имале за некоја работа повторно ќе ве заинтересира. Ќе сфатите дека ви е многу подобро без токсичната врска и дека навистина сте заборавиле да го правите она што го сакате. Ова ќе ви помогне побрзо да го преболите партнерот, бидејќи ќе ги искажете емоциите на ваш начин.rn
2. Повторно ќе се поврзете со луѓето кои ве сакаат
rnЛуѓето на кои сте заборавиле и со кои сте изгубиле контакт додека сте се фокусирале на токсичната врска сега ќе ви бидат уште повредни. Вашите родители, роднини и пријатели ќе ве пречекаат со раширени раце. Ќе се заколнете дека никогаш повеќе нема да ги напуштите за некој друг.rn
3. Ќе ги цените добрите нешта без разлика колку се мали
rnМал подарок од колега. Птица што пее покрај прозорецот. Вечера што ја подготвила мајка ви. Едноставно сте имале толку болка што ќе ги цените и најмалите позитивни нешта. Ќе станете навистина благодарна личност.rn
4. Следната личност во којашто ќе се вљубите веројатно ќе биде вашата сродна душа
rnБидејќи сега вашите стандарди се повисоки и ќе ви биде потребно подолго време да се вљубите, ќе бидете навистина подготвени на патот до вашата нова љубов. Повеќе нема да се помирувате со погрешната личност. Нема да започнувате врска со некој под вашите стандарди.rn
5. Здравјето ќе ви стане приоритет
rnЌе сфатите дека токсичната врска имала навистина лошо влијание на вашето здравје. Па, како дел од грижата за себе ќе го вратите менталното, физичкото и духовното здравје во рамнотежа. Можеби ќе почнете да вежбате, да се храните поздраво, да вежбате јога. Ќе се ставате постојано на прво место.rn
6. Независноста ќе биде извор на гордост
rnАко некогаш сте мислеле дека да се биде сингл значи да се биде осамен, сега ситуацијата е поинаква. За вас ова значи независност. А независноста ја гледате како знак за храброст, исполнетост, сила и мудрост. Ќе уживате во неа бидејќи вашата среќа нема да зависи од никого. Ќе бидете горди на себе бидејќи потребно е многу да се совлада независноста.rn
7. Ќе се грижите за луѓето кои се повредени
rnБидејќи знаете како е да бидете повредени, искрено ќе ја нудите вашата помош на оние на коишто им е потребна. Ќе станете почувствителни. Нема да ви биде страв да ја раскажете вашата приказна за да охрабрите некого и да му дадете надеж.rn
8. Ќе станете попродуктивни на работното место
rnЌе сфатите дека кариерата ќе ве сака толку колку што ќе ја сакате и вие неа. Можете да создадете вистинска империја ако тоа ви е приоритет. Можете да го добиете животот што сите го сакаат. Добриот живот што никогаш не би го постигнале доколку останевте во токсичната врска. Сега ги одбирате вашите соништа пред сите потенцијални партнери.rn
9. Вашата толеранција за болка е зголемена
rnСепак сте биле низ многу и болката повеќе не е силна колку што била порано. Без разлика каква болка чувствувате само ќе си кажете дека тоа не се ни споредува со минатото. Сте преживеале навистина трауматично искуство, па вашите солзи нема да паѓаат за плитки проблеми. Болката повеќе не може да ве исплаши.rn
10. Одново ќе се изградите
rnЌе пробувате нови нешта – ќе ја смените фризурата, облеката, ќе патувате почесто, ќе научите некој нов јазик… Ќе станете целосно нова личност, а промената е најдобриот начин на лекување. Дел од таа промена е подобриот живот што ве чека бидејќи не сте се откажале.rnrnПогледнете кои се знаците кои покажуваат дека вашата врска ве прави депресивни.