Секој од нас природно привлекува одредени луѓе и ситуации. Сите ние треба да научиме некои лекции во овој живот, па во зависност од тоа ги привлекуваме луѓето кои ни се од помош. Ова е вистински благослов, но понекогаш е и тешко. Иако секое искуство ни е потребно, сепак треба редовно да ја отстрануваме токсичната енергија. Овие начини ќе ви помогнат во тоа.rnrn
rn
1. Горење тревки
rnОва е стара индијанска традиција која вклучува горење разни тревки за прочистување. Најчесто се користат лаванда и кедар за прочистување на просторот и за подобрување на расположението.rn
2. Есенцијални масла
rnОвие масла можат значително да ви го подобрат расположението. Вие постојано реагирате на енергијата во вашето опкружување. Есенцијалните масла ќе ви помогнат да ја исчистите таа енергија и ќе ја зголемат фреквенцијата на вашите вибрации. Најдобро е да употребувате масло од роза, нане или лаванда.rn
3. Медитација
rnМедитацијата е поврзана со многу работи кои го подобруваат фокусот и меморијата. Зголемената концентрација е поради зголеменото ниво на енергија кое доаѓа со медитирањето.rn
4. Лекување на чакрите
rnПрва чакра: Јас сум полн/а со скромност. Јас сум си доволна онаква каков што сум.rnrnВтора чакра: Јас сум убав/а и силен/а и уживам во здравиот и убав живот.rnrnТрета чакра: Се прифаќам целосно. Прифаќам дека имам силни страни, но и дека имам слабости.rnrnЧетврта чакра: Љубовта е одговор на сè во животот, а јас ја давам и ја добивам безусловно.rnrnПетта чакра: Моите мисли се позитивни и секогаш се изразувам јасно и искрено.rnrnШеста чакра: Јас сум мудар/мудра и го разбирам вистинското значење на ситуациите во животот.rnrnСедма чакра: Јас сум едно со божествената енергија.rn
5. Практикувајте простување
rnБудистичката филозофија нуди неколку техники со кои ќе го развиете простувањето. Како и сочувството, така и простувањето не ја игнорира вистината за страдањето. Но, простувањето и љубовта можат да ви го дадат потребниот мир.rn
6. Водете дневник
rnНекои од највлијателните луѓе во светот воделе дневници. Овие дневници имале две цели: траен запис за нивните потомци и опуштање за луѓето кои ги пишуваат. Дури и ако сметате дека не ви треба, ако почнете да водите дневник уште веднаш ќе ги почувствувате придобивките.rn
7. Одете во природата
rnНаправени се многу истражувања за физичките и менталните придобивки од природата. Природата ги намалува менталниот замор и стресот. Времето поминато во природа ќе ви помогне да се релаксирате и ќе ви ги подобри сеќавањата и вниманието.rn
8. Поставете граници
rnКога ќе одлучите кои ситуации се удобни ако се лоши за вас, ќе знаете повеќе за вашите потреби и како да се грижите за себе. Тогаш ќе можете да донесувате одлуки со зголемена самодоверба и ќе ја насочите енергијата кон работите кои ги сакате.rn
9. Одете на терапевт
rnКога вербално ќе ги искажете вашите чувства, вие ќе го намалите стресот и нема да се чувствувате осамено. Со други зборови, кога ќе ги споделите вашите грижи, дури и оние „неважните“, значително ќе ја подобрите вашата ментална состојба.rn
10. Кристали
rnТрадиционалните лекови како тревките, хомеопатијата и терапијата со кристали се природна алтернатива за лековите. Сè повеќе и повеќе луѓе се одлучуваат за овие третмани за кои тврдат дека навистина им помагаат.rnrnПрочитајте нешто повеќе, но и научете како да ја гледате вашата аура.