КАФЕ ПАУЗА

10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жени

Written by

in

,

Нека оваа година ви биде најсреќната и најздравата досега. Доколку сте подготвени конечно да направите баланс, тогаш погледнете ги следниве 10 едноставни и директни правила на среќните и здрави жени кои ќе ви помогнат да го добиете животот кој отсекогаш сте го посакувале.rnrn(0) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жениrn

1. Бидете релаксирани за време на утрата

rnДоволно ви е само 5-минутно опуштање за време на утрото со цел да направите огромна разлика во вашето расположение и енергија во текот на денот. И оставете си доволно време да јадете целосен оброк, како и да се истегнете или медитирате.rnrn(1) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жениrn

2. Направете време за станување и движење

rnВежбањето испушта ендорфини, го подобрува имунитетот, ве ослободува од стресот и ве одржува силни и самоуверени во своето тело. Нема потреба да „полудувате“ со вежби од неколку саати за да бидете здрави – доволно е само малку повеќе да се движите, секојдневно.rnrn(2) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жениrn

3. Јадете вистинска храна

rnОбработената брза храна го зголемува шеќерот во вашата крв, внесува неприродни состојки во вашето тело и ве остава со чувство на глад брзо откако ќе завршите со јадењето. Па, наместо оваа лоша храна, јадете чиста и органска со цел да го заштитите вашето здравје.rnrn(3) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жениrn

4. Посегнете по вода

rnКога се чувствувате уморно или имате потреба од енергија, не мора веднаш да се напиете кофеин или пијалак со шеќер. Често, уморниот и замаглен мозок е знак за дехидрација, па погрижете се да пиете многу вода во текот на денот за да го одржувате нивото на вашата енергија високо.rnrn(4) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жениrn

5. Слушајте го вашето тело кога ви зборува

rnСреќните луѓе го слушаат нивното тело кога се обидува да им каже нешто и никогаш не одат против неговите желби. Тие ја спуштаат виљушката во истиот момент кога ќе почувствуваат ситост, вежбаат јога кога се под стрес и не порачуваат трет коктел кога знаат дека тоа не е добра идеја.rnrn(5) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жениrn

6. Сакајте ги зеленчуците!

rnЗеленчуците не се додаваат во порциите само затоа што вашето тело мора да ги јаде, туку затоа што тоа има потреба од нив. Доколку сакате да бидете поздрави и посреќни, вие мора да му помогнете на вашето тело да го постигне својот потенцијал со помош на хранливи материи.rnrn(6) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жениrn

7. Инвестирајте во фитнес и здравје

rnНе чекајте до краен момент за да се погрижите за вашите потреби – уплатете месечна членарина во теретана, одете одвреме-навреме на масажа и редовно посетувајте го вашиот доктор, дури и ако ви изгледа како да нема причина.rnrn(7) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жениrn

8. Секогаш бидете благодарни

rnКога го насочувате целото ваше внимание на оние нешта кои недостасуваат, токму тоа и ќе го добиете – нешта кои недостасуваат! Па, наместо да се фокусирате на тоа што го немате, бидете благодарни на сите оние нешта кои досега сте ги постигнале и ги имате, мали или големи.rnrn(8) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жениrn

9. Забавете и насмејте се

rnЖивотот не е секогаш сериозен за среќните и здрави жени. Тие наоѓаат време да се поврзат со своите љубени и не се плашат да покажат добрина кон непознати луѓе. И смеењето им помага, особено во оние ситуации кога чувствуваат потешкотии.rnrn(9) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жениrn

10. Најдете време за одмор

rnКога се чувствувате уморно или истоштено, не правете план за нова активност. Доколку имате здрави граници вие ќе се чувствувате безбедно, поврзано и енергично. Па, најдете време за себе со цел да ги наполните вашите батерии. И кога е време за спиење, исклучете ги сите нотификации.rnrn(10) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жени