10 љубовни парови ни ги откриваат слатките начини на кои се запознале

Сподели

Во денешно време, повеќето парови велат дека се запознале на Фејсбук, па така убаво е да се чујат некои варијации одвреме-навреме. Нормално дека нема ништо лошо ако сте ја нашле вашата сродна душа на некоја од социјалните мрежи, но факт е дека сите се разнежуваме кога ќе чуеме убава, класична приказна која повторно ќе ни ја врати вербата во љубовта. Ова се приказните на 10 љубовни парови кои откриваат како се запознале…

Реклама

rn

1. Лажната забава

rnТој вели дека ја запознал неговата сопруга првиот ден кога тргнал на факултет. Таа му пристапила и се претставила. Тој ѝ рекол дека му е драго што ја запознал и дека неговите пријатели организирале забава вечерта, па ја поканил ако сака да дојде и таа. Пет минути подоцна, тој отишол кај другарите и ги замолил навистина да организираат забава само за да може да ја види и да разговара со неа. Ноќта завршила со бакнеж помеѓу двајцата идни сопружници.rn

„Тоа се случи во 1986 година. Имав 23 години. Се чини како да беше вчера“, вели сопругот.

rn

2. Подмолниот имејл

rnЕден професор по историја испратил групен имејл на неговите студенти и друга професорка која му се допаѓала за да излезат сите заедно една вечер. Откако го испратил, пратил нов имејл само на неговите студенти кој велел „Не важи за вас.“ Лукаво, нели?rn

3. Типот кој едноставно не се откажувал

rnСе запознале додека и двајцата работеле како професори во истото училиште. Тој ја поканил да излезат неколку пати, но таа секогаш му велела „не“. Евентуално, таа му пратила порака за да му каже „да“ на една од претходно одбиените покани.rn

„На состанокот нагласив дека ‘ова е чиста формалност’. Подоцна таа ми кажа дека сака да ми роди 100 бебиња. Венчавката е во јуни“, вели тој.

4. Пијана среќа

rnТој вели дека една вечер премногу се напил и направил лажен профил на една апликација за одговарање лични прашања. Профилот бил јавен и тој одговорил на сите поставени прашања. Потоа, со месеци не го отворил профилот. Една вечер кога повторно се опијанил, пратил смајли на сите девојки кои му се допаднале и заспал на лаптопот. Само една од нив му вратила на пораката и сега таа е негова сопруга, повеќе од една година.rn

5. Тврдиот орев

rnЕдна девојка само што се вработила во салон за автомобили и почнала да се заљубува во единственото момче кое не ѝ се додворувало.rn

„Му кажав дека многу ми се допаѓаат тетоважите на неговите раце и тој ме покани на ручек. Останатото е историја и сега ќе почнеме да живееме заедно“, вели таа.

rn

6. Господарот на сродните души

rnТаа вели дека го запознала нејзиниот сопруг кога тој пробал да ѝ се додворува на нејзината тогашна цимерка, но без успех. По некое време таа повторно отишла кај него и забележала дека ја има трилогијата „Господар на прстените“. Заедно ги изгледале сите делови таа вечер. Се венчале минатиот октомври.rn

7. Досадниот роднина

rnТој вели дека ја запознал неговата свршеница во куќата на неговиот роднина. Откако се запознале, неговиот роднина не престанувал да му досадува да ѝ се јави на девојката, и на крајот тој се јавил само за да го замолчи.rn

„Се јавив мислејќи дека ќе поминам само неколку минути на телефон. Но, ние разговаравме со часови и се договоривме да излеземе наредниот ден. Одлично си поминавме и се договоривме да излеземе пак. До крајот на неделата имавме излезено три пати и ѝ кажав дека ја сакам. Сега, 4 и пол години подоцна, ние сме свршени и живееме заедно“, вели тој.

8. Судбоносниот џемпер

rnТој ја запознал неговата сегашна девојка во бар и ѝ кажал дека му се допаѓа нејзиниот џемпер. Три години подоцна, ја видел во истиот бар во истиот џемпер и тие повторно флертувале малку, но таа тогаш имала момче. Две години по таа средба, тој ја видел во друг бар во друга држава како го носи истиот џемпер.rn

„Ѝ пристапив и ѝ кажав дека ми се допаѓа нејзиниот џемпер. Таа се смеење ме праша како сум. Целиот ден го поминавме заедно и отидовме на вечера. Оттогаш секој ден разговараме. Неверојатно е тоа какви работи се случуваат“, вели тој.

rn

9. Љубовна услуга

rnТој вели дека и двајцата глумеле заедно во претстава во средно училиште. Неговата сегашна девојка викнала „Има ли некој јаболко?“, и тој имал. По неколку дена, тој требало да ја врзе краватата но не знаел како, а таа знаела и му помогнала.rn

„Поминаа речиси 10 години и сè уште не знам да врзувам кравата“, изјавува тој.

rn

10. Најсреќниот човек на Земјата

rnТој ја запознал неговата девојка на апликација за запознавање нови луѓе додека бил на одмор во Хонг Конг. Имал среќа со првата девојка со која излегол. Тој ја одбрал неа затоа што таа предложила место кое послужувало појадок 24/7.rn

„Мојата љубов за палачинки и колбаси ми ја донесе девојката од соништата“, вели тој.

rnПо овие 10 приказни несомнено е дека повторно ќе поверувате во љубовта и ќе почнете да ја барате и на најнеочекуваните можни места.

Популарно

Може ќе ве интересира