rn
6. Дрвени закачалки за облека
rnДрвените закачалки ја апсорбираат влажноста од облеката. Покрај тоа, природниот материјал нема да ја оштети вашата гардероба.rn
7. Никогаш не останувајте без колан
rnАко на вашите панталони има место за колан, искористете го. Без него вашиот изглед ќе биде нецелосен, па вложете во неколку класични колани. Покрај тоа, коланот најчесто треба да одговара со вашите чевли, па пред да купите размислете со кои чевли би го носеле.rn
8. Маицата под кошулата не треба да се познава
rnОва правило најмногу важи за мажите бидејќи изгледа дека сите сакаат да носат маица под кошулата. Ако и вие го правите ова, внимавајте таа да не се познава. Закопчајте ги сите копчиња на кошулата, или воопшто не носете маица туку облечете елек.rn
9. Чорапите треба да одговараат на вашата облека
rnВо секојдневниот живот слободно експериментирајте со чорапите, но кога станува збор за посериозен настан држете се до правилата. Најчесто чорапите треба да одговараат со бојата на вашите панталони. Исто така, можете да ги комбинирате и со вратоврската доколку носите.rn
10. Диплете ги џемперите
rnЗнаеме дека џемперите можат да ја изгубат својата форма со текот на времето. А ако ги чувате закачени, овој процес сигурно ќе се забрза. Поради ова, најдобро е да ги чувате здиплени.
Погледнете и кои се модните трендови кои ќе владеат оваа година.

