rn
6. Растурен боб
rnОваа фризура одлично стои и на кратка и на средна коса. Доколку вашиот стил е женствен, едноставен и елегантен тогаш оваа фризура соодветно ќе ви одговара.rn
7. Долга и права коса
rnСо оваа фризура никогаш нема да згрешите доколку сакате да делувате елегантно и средено. За дополнителен ефект, додадете препарати за коса кои ќе предизвикаат таа да сјае.rn
8. Опуштена странична плетенка
rnДоколку имате густа и непослушна коса, ова е можеби најдобрата фризура со која можете да ја доведете во ред. Таа истовремено и ќе ја смири вашата коса, но и ќе го истакне вашето прекрасно лице.rn
9. Секси лента за коса
rnСо оваа фризура вие ќе изгледате неодоливо и секси. Сè што треба да направите е да ја испеглате вашата коса, а потоа со тапирање да ја поткренете малку нагоре. Откако ќе завршите зацврстете ја со лак за коса и додадете лента која ќе ви даде младолик и романтичен изглед.rn
10. Формална пунџа
rnИ покрај тоа што делува малку поформално, таа дефинитивно може да се носи и на вечерна забава. Вие со оваа фризура ќе изгледате префинето, но и секси.

