Немаат сите личности имаат голема самодоверба и импресивни комуникативни способности. Има и такви кои преферираат да бидат тивки и повлечени. Но, тоа не значи дека тие се арогантни или некултурни, туку дека сакаат поголемиот дел од времето да го поминуваат во набљудување, наместо во коментирање. Да се биде со некој кој е срамежлив може да биде голем предизвик. Сепак, со правилниот пристап и со малку време, вашиот партнер ќе научи да излезе од својата заштитна обвивка и да ви се отвори, што ќе го означи и почетокот на создавањето на нов и посилен однос меѓу вас.rnrn
rn
1. Започнете го разговорот
rnДоколку чекате срамежливата личност да започне да разговара со вас, тогаш сигурно ќе се изнервирате, бидејќи срамежливите луѓе ретко кога први го започнуваат разговорот. Поради ова, треба вие да се обидете да ја водите комуникацијата. Запомнете дека треба да поставувате отворени прашања кои не се одговараат само со „да“ или „не“, за да го задржите темпото на дијалогот.rn
2. Бидете пријателски настроени
rnПриближете им се со насмевка и обидете се да го задржите контактот со очите. Иако срамежливите луѓе често го тргаат погледот на страна, сепак на овој начин ќе им дадете до знаење дека сте сериозни во вашите намери. Немојте да се обидувате да разговарате со нив кога сте во поголема група, бидејќи така само ќе направите да се чувствуваат анксиозно и притиснато.rn
3. Разговарајте за теми кои ги интересираат
rnЌе имате поголем успех да започнете комуникација со срамежливите луѓе доколку дискутирате за теми кои ги интересираат. Разговарајте за музика, уметност, спорт, филм или која било друга тема која ќе ги поттикне да ги споделат своите мислења.rn
4. Бидете ранливи
rnКажете им за вашите стравови и покажете ја вашата ранлива страна. Ова ќе им помогне да сфатат дека не се плашите да им кажете кои сте и ќе ги охрабрите да почнат да ви веруваат. Кога ќе се развие довербата меѓу вас, тогаш слободно ќе ви кажат сѐ што мислат без да се плашат од осудување.rn
5. Дајте им комплименти кога ќе одлучат да се социјализираат
rnКажете им колку нивната комуникација ви значи и дајте им искрени комплименти за нивната храбра одлука да го искажат својот став. На тој начин ќе им ја зголемите самодовербата и ќе направите да се чувствуваат поотворено и поопуштено со вас.rn
6. Слушајте
rnКако и со сите други, така и со срамежливите луѓе е важно да слушате што имаат да ви кажат. Запомнете, тие не зборуваат често, а во моментот кога ќе одлучат да го направат тоа, очекуваат да им обрнете внимание. Ако увидат дека сте физички присутни, а со мислите сте на некое друго место, тогаш ќе мислат дека не ви е грижа и сите ваши обиди да ги натерате да ви се отворат ќе бидат залудни.rn
7. Избегнувајте ги ситуациите кои можат да бидат стресни за нив
rnСрамежливите луѓе се чувствуваат неудобно во големи и гласни друштва. Прифатете ги нивните избори и одлуки и немојте да им замерувате ако не сакаат да одат на концерти, забави или клубови.rn
8. Бидете „дамата во опасност“
rnПобарајте им да ви поправат некој електричен апарат или да ви помогнат со некоја физички потешка работа во домот. Мажите, дури и оние кои се посрамежливи, секогаш ќе дојдат да ви помогнат.rn
9. Најдете нешто што ви е заедничко
rnПоминете време откривајќи ги работите кои ви се заеднички и кога ќе ги дознаете, предложете им да ги направите заедно. Со правењето нешто во што и двајцата уживате, разговорот ќе ви тече лесно и непрекинато.rn
10. Не брзајте
rnПотребно е време срамежливите луѓе да излезат од својот заштитен оклоп. Немојте да се обидувате да го забрзате процесот. Дајте им ја потребната поддршка додека учат како да се чувствуваат удобно покрај вас. Вашето трпение ќе се исплати.