Една жена од Мелбурн, Лале Мохамеди, добила навистина оригинална идеја за да го натера нејзиниот 3-годишен син да се храни здраво. Таа почнала да ја претвора здравата храна во неговите омилени херои од книгите. Денес, рецептите на Лале ги користат многу родители, а децата со задоволство ги јадат оброците.rnrn
rnrnСтраницата на Лале денес има дури 170.000 следбеници, а помеѓу нив е и познатиот Џејми Оливер. Сè започнало со мал експеримент во кујната. Лале решила да му направи оброк на нејзиниот син Џејкоб кој изгледал како лик од цртан филм.rnrn
rnrnЏејкоб толку многу се израдувал, што Лале решила да продолжи со овие креативни рецепти. Почнала да ги објавува нејзините вкусни ремек-дела на Фејсбук и веднаш добила многу добри комплименти.rn
„Пријателите ми рекоа дека требало да направам Инстаграм профил, но во моментот не знаев што се хаштагови, лајкови и следбеници…“
rn
rnrnСамо една година подоцна, Лале веќе ја раскажала нејзината приказна во многу медиуми и телевизиски шоуа.rn
„Не знам како толку мало хоби ме направи толку популарна. Ме воодушевува и денес.“
rn
rnrnХраната на Лале е вистински фестивал на чинија. Таа умешно изработува ликови од цртани филмови, икони од поп културата како Дејвид Боуви и Мајкл Џексон, но и чудни суштества од нејзината фантазија.rnrn
rnrnСите ликови на Лале не само што изгледаат како оригиналот, туку се направени од здрава храна. Најчесто работи со едноставни хранливи состојки како зелка, лосос и житарици. Често користи свеж сок од зелка за да ја направи храната зелена, или употребува неколку капки јаболков оцет за да ја направи виолетовата зелка розова.
