Како да ја преживеете летната бременост?

Сподели

rn

Реклама

6. Прекумерно потење

rnБременоста во текот на летото може да предизвика многу проблеми со кожата. Чешањето, прекумерното потење и осипите се можни проблеми во оваа фаза. Иако е речиси невозможно да ги избегнете сите проблеми, можете да користите пудра за да се чувствувате суво подолго време. За жал ќе треба да научите да се справите со потта бидејќи е дел од бременоста во секоја сезона.rn

7. Болни стапала

rnВо текот на бременоста веројатно ќе треба да ги замените модерните чевли со нешто поудобно. Одберете рамни чевли или влечки кои му овозможуваат потпора на стапалото. Иако можеби чинат повеќе, оваа инвестиција навистина вреди.rn

8. Замор

rnЗаморот може да се појави во секоја фаза од бременоста, а ситуацијата само се влошува со високите летни температури. Најдоброто нешто што можете да го направите кога чувствувате замор е да го послушате телото и да се одморите. Ако сте на работа ќе ви помогне и 15-минутна дремка. Ако се грижите и за други деца во текот на целиот ден, најдете дел од денот во кој ќе можете да одморите.rn

9. Болка во грбот и нозете

rnВишокот тежина може да има големо влијание на грбот и нозете во доцната фаза од бременоста. Предноста на летото е што можете да користите базен за да го решите овој проблем. Додека сте во водата обидете се направите неколку едноставни вежби за истегнување. На овој начин вашето тело ќе остане во форма и полесно ќе се справи со вишокот килограми. Покрај тоа, базенот ќе ве разлади.rn

10. Изгореници од сонце

rnБременоста може да го промени начинот на кој кожата ви реагира на сонце. За да ги избегнете изгорениците секогаш употребувајте квалитетна заштитна крема. Кога сте надвор обидете се да се покриете со облека или да бидете под сенка. Бременоста е доволно неудобна и без да се справувате со изгореници.

Знаете ли што е дозволено, а што е забрането да пиете во текот на бременоста?

Популарно

Може ќе ве интересира