Јога за внатрешен мир: 12 пози со кои ќе ја намалите тагата

Сподели

rn

Реклама

6. Спуштање

rnИздишете и полека свиткајте ги лактите. Нозете држете ги исправени.rn

7. Куче свртено нагоре

rnИздишете и кренете ги градите и главата нагоре. Потоа кренете ги колковите во положбата позната како Куче свртено нагоре. Направете исчекор и повторете 3 до 5 пати почнувајќи од првата поза, менувајќи ја ногата со која исчекорувате.rn

8. Детска поза

rnОд положбата Куче свртено надолу, ставете ги колената на земјата, колковите на петите, а рацете поставете ги покрај телото.rn

9. Одмор

rnЛегнете на вашиот грб, свиткајте ги колената и спојте ги. Рацете поставете ги околу вашето тело како да се прегрнувате. Оваа поза се смета за неутрална и ви нуди удобност и заштита.rn

10. Ресторативна поза

rnЗавиткајте крпа во ролна и поставете ја на земјата. Легнете на неа така што ќе биде веднаш под вашите плешки. Нозете нека ви бидат исправени и паралелни една на друга. Оваа поза е за ресторација на вашиот грб. Бидејќи вашето срце е отворено, можно е да почувствувате како тагата излегува на површина.rn

11. Мост со потпора

rnДодека лежите на грб свиткајте ги колената, подигнете ги колковите и поставете нешто под половината. Целосно опуштете го вашиот стомак. Свиткајте ги лактите и притиснете ја земјата со горниот дел од рацете.rn

12. Лотос

rnСеднете со скрстени нозе и забележете како се чувствувате. Ако сакате можете да ги поставите вашите дланки како за молитва. Внимателно набљудувајте го телото и обидете се да откриете дали има некој дел што е напнат. Обидете се да го опуштите. Можеби има некаков гнев. Вдишете и обидете се да се опуштите. Може да почувствувате страв или тага. Немојте да бегате од овие чувства. Дозволете им да ве обземат. Одете сè подлабоко во себе. Смејте се. Плачете. Чувствувајте. Љубете. Поврзете се.

Погледнете и како да почнете со редовно вежбање јога со овие почетнички пози.

Популарно

Може ќе ве интересира