rn
4. Топлински бранови
rnБез разлика на годините, не е пријатно чувството кога наеднаш ви станува премногу топло. Сепак, ова е еден од најчестите и најпознатите симптоми за менопаузата. Некои жени може да искусат и потење и црвенило. И во овој случај, виновни се хормоните.rn
5. Несоница
rnВашите јајници произведуваат помалку естроген со наближувањето на менопаузата. Бидејќи естрогенот помага и во спиењето, неговото намалено ниво може да резултира со несоница. Покрај ова, и ноќното потење може да ви пречи во спиењето.rn
6. Паѓање на косата
rnКога наближува менопаузата, може да забележите дека вашата коса се проретчува. Намаленото ниво на естроген ја става вашата коса во фаза на „одмарање“, па паѓаат повеќе влакна од вообичаено.rn
7. Сува кожа
rnЛуѓето се шегуваат дека менопаузата ќе ве „исуши“, и ова до некаде е вистина. Сувите уста, очи и кожа се последица од намаленото производство на хормони.rn
8. Раздразливост
rnАко се сеќавате какви сте биле како тинејџери кога вашето тело трпело хормонални промени, ќе почувствувате дежаву на почетокот на менопаузата. Раздразливоста и постојаното чувство дека имате ПМС се нормален дел од менопаузата.
Погледнете и како да ги ублажите симптомите на менопаузата.

