КАФЕ ПАУЗА

7 видови детско однесување за кои родителите треба да бидат загрижени

7 видови детско однесување за кои родителите треба да бидат загрижени

rn

4. Манипулација

rn7 видови детско однесување за кои родителите треба да бидат загрижениrn

„Го видов ова дете како се качи и викаше по татко му.“

rnПонекогаш децата ги манипулираат нивните родители и роднини за да го добијат она што го сакаат. Почнуваат да плачат сред продавница или користат други методи. Но треба да знаат дека на овој начин нема да изградат здрави врски со семејството, пријателите и идните колеги.rn

Што да правите?

rnПотребно е да препознаете кога нешто навистина му пречи на вашето дете. Децата обично почнуваат да манипулираат кога не добиваат доволно внимание од нивните родители. Поради ова е важно да поминувате време со нив. Останете смирени, немојте да им викате и да се заканувате. Можеби е тешко, но овој пристап е навистина ефективен.rn

5. Страв од промена

rn7 видови детско однесување за кои родителите треба да бидат загрижениrnrnЗа малите деца е подобро да следат исти правила и постапки. Но, постарите деца треба да се навикнат на промените и да научат да ги прифаќаат. Во модерниот свет претераниот конзерватизам може да предизвика сериозни проблеми. Ако детето оди во градинка, но плаче ако моливите се ставени во друга кутија, потребно е да обрнете внимание на неговото однесување.rn

Што да правите?

rnСекогаш треба да му кажувате на децата за промените и да им објасните што ќе се случи. Контролирајте ги вашите емоции, децата лесно го читаат говорот на телото и ја забележуваат вашата анксиозност. Најдете им друштво бидејќи децата подобро се справуваат со предизвиците кога се со пријатели. Разговарајте за нивните чувства за да знаат дека се забележани. Разберете ги и запомнете дека малите проблеми и предизвици се тешки за децата.rn

6. Избрзани постапки

rn7 видови детско однесување за кои родителите треба да бидат загрижениrn

„Детето на мојата пријателка ѝ го направи ова.“

rnСпонтаноста на децата е навистина слатка ако не си играат со оган и ако не скокнат во кал со новите бели панталони. Овие деца зборуваат и делуваат без да размислат за последиците, иако нивните постапки можат да бидат непријатни за нив и за луѓето околу нив. Во овој случај родителите треба да ги научат децата да ги предвидат можните резултати од нивното однесување.rn

Што да правите?

rnОстанете смирени. Анализирајте ги постапките на детето со него и откријте зошто го направило тоа. Дозволете му да ги открие последиците од однесувањето. Научете ги децата на самоконтрола, поставете одредени правила и кажете им дека им оди одлично кога ги следат овие правила.rn

7. Неможност да се забавуваат сами

rn7 видови детско однесување за кои родителите треба да бидат загрижениrnrnРускиот детски психолог Катерина Мурашова спровела еден експеримент. Таа замолила 68 адолесценти да поминат 8 часа сами без пријатели или електронски направи. Само тројца тинејџери успеале да се справат со задачата, додека другите биле навистина тажни.rnrnБебињата не можат да се забавуваат самите и тоа е во ред, но постарите деца треба да научат како да поминуваат време сами со себе. Ако детето не ја развие оваа вештина нема да може да се концентрира на неговите чувства бидејќи сè ќе му пречи. Кога овие деца ќе станат возрасни ќе паничат и во наједноставни ситуации, како на пример празнење на батеријата на телефонот.rn

Што да правите?

rnРазговарајте со вашето дете и поминувајте време заедно. Дозволете му да користи електронски направи на одреден период. Научете го да открие што сака а што не сака. Помогнете му да најде хоби што не е поврзано со телефони или компјутери.rn

Што ако не можете да се справите сами?

rn7 видови детско однесување за кои родителите треба да бидат загрижениrn

„Мојот 10-годишен син страда од опсесивно компулсивно нарушување и го собира ова.“

rnПосетете психолог. Ова значи дека се грижите за вашето семејство и дека сакате помош од професионалец. Постојат многу причини за деструктивно однесување кај децата. Не заборавајте дека само лекарите можат точно да ги дијагностицираат менталните нарушувања.rnrnЗнаете ли за кои проблеми во однесувањето на децата се виновни родителите?