rn
8. Може да предизвика замор и вртоглавица
rn
rnrnДодека да се прилагодите на новиот начин на исхрана, можно е да почувствувате замор и вртоглавица. Причината што некои луѓе слабеат брзо од диетата е тоа што брзо го губат вишокот вода. Но ова може да предизвика недостаток од минерали, па се појавува заморот. Како што вашето тело ќе се прилагодува, овој проблем ќе почне да исчезнува.rn
9. Може да предизвика губење на силата и издржливоста
rn
rnrnИсто така можно е да забележите и намалување на вашата сила и издржливост. Причината е што телото е навикнато да користи јаглехидрати како енергија, и кога одеднаш ќе му го одземете изворот, му треба време да открие како да се адаптира. Штом ќе почнете да го согорувате салото, силата ќе ви се врати.rn
10. Може да предизвика „кето грип“
rn
rnrnКако и кај обичниот грип, и овде можат да се појават гадење и вртоглавици. Важно е во овој период да пиете многу вода.rn
11. Може да предизвика грчеви во нозете
rn
rnrnПиењето многу вода ќе ви помогне да се справите со грчевите во нозете. И овде улога има недостатокот од минерали, особено електролити, а може да дојде и до дехидратација. Повторно, пијте што е можно повеќе вода и внесувајте доволно натриум и калиум.rn
12. Може да предизвика лош здив, гасови и констипација
rn
rnrnКога телото ќе биде во состојба на кетоза, ќе почне да лачи кетони кои се ослободуваат од вашиот здив. Ова може да предизвика лош здив. Покрај тоа, кога почнувате да консумирате повеќе масти и протеини, можно е да се појават проблеми како гасови и констипација. И ова е привремено, додека телото да се прилагоди.rn
13. Не мора да има исто влијание кај сите
rn
rnrnСите се различни и сечие тело реагира различно на промените во исхраната. За некои луѓе е навистина лесно да влезат во состојба на кетоза, а на некои им е потребно подолго време. Истото важи и за резултатите.rnrnВлијанието на диетата зависи од неколку фактори, како вашиот досегашен начин на исхрана, здравствените проблеми и бројот на килограми што сакате да ги изгубите.rn
14. Можете да најдете помош на многу места
rn
rnrnПоради популарноста, денес можете да најдете многу извори за кето диетата. Ќе најдете совети, трикови и рецепти. Има и онлајн групи кои можат да ви помогнат додека се прилагодувате.rnrnНе секоја диета одговара за секое тело. Пред да започнете со какви било промени во исхраната, најдобро е да се консултирате со лекар за да знаете дали вашето тело е подготвено за тоа.rnrnПогледнете и кои се диетите што немаат никаков ефект.
