rn
6. Нанесување крема со заштитен фактор само на лицето
rn
rnrnСите кои се грижат за својата убавина знаат дека треба да ја заштитат кожата дури и во урбана средина. Но многумина не знаат дека кремата треба да ја нанесете и на вашиот врат, гради и дланки, а не само на лицето. Како што старееме, нашата кожа е посклона кон оштетување од сонцето. Исто така како што се грижите за вашето лице, треба да се грижите и за вашите врат и гради.rn
7. Нанесување шминка веднаш по средувањето на веѓите
rn
rnrnСекој потег со пинцетата е како мала траума и зголемен ризик од појава на инфекции. Имајќи го ова на ум, треба да знаете дека не се нанесува шминка веднаш по средувањето на веѓите. Најдобро е да ја исчистите кожата со марамче за дезинфекција. Исто така чистете ги вашите четки за шминкање на секои 2 недели. Ризикот од инфекција доаѓа и од валканата пинцета, па чистете ја пред секоја употреба.rn
8. Нанесување пудра на мрсна кожа
rn
rnrnНемојте да нанесувате пудра кога кожата ви е мрсна, освен ако не сакате затворени пори и акни. Прво отстранете ги маснотиите, па дури потоа нанесете ја пудрата. Ако не го исчистите лицето сите нечистотии ќе останат под новиот слој шминка.rn
9. Користење пилинг
rn
rnrnПовеќето козметичари не го оправдуваат користењето пилинзи, особено оние кои имаат арома. Ексфолијацијата на кожата може да го зголеми лачењето на масти, па кожата останува дехидрирана. Најдобро е да користите пилинзи или маски за лице чија основа е млечна или гликолична киселина.rn
10. Џвакање гума
rn
rnrnПостојаното џвакање гума прави вашата вилица да зазема разни позиции. Порано или подоцна, ова предизвикува промени како што се брчки околу вашата уста. Подобро е да ја замените гумата за џвакање со друг вид освежувач на здив.rn
11. Туширање со жешка вода
rn
rnrnЖешката купка за некои е начин на релаксација. Но ако ова го правите често, само ѝ наштетувате на вашата кожа. Ефектот кој го има жешката вода на кожата е сличен со изгореници од сонце и го нарушува природниот баланс. Поради ова се појавуваат иритација, сувост, инфекции и чешање. Дерматолозите советуваат да ја намалите температурата на водата, туширањето да трае пократко, да користите навлажнувач за кожа и да ги користите најнежните продукти за капење без ароми, парабени или агресивни состојки.rnrnПогледнете ги и овие кратки и евтини совети за убавина кои треба да ги знае секоја девојка.
