Оние кои чуваат мачки, сигурно барем еднаш се имаат запрашано зошто нивната мачка постојано ги следи. Кога одите во кујната, мачка оди по вас. Во овој случај можеби причината е што во кујната има храна. Но кога одите во тоалет, мачката повторно оди по вас. Излегувате од просторијата поради која било причина, мачката станува и тргнува по вас. Ова е можеби најголемата „мачкина“ мистерија, но има неколку објаснувања и за ова однесување.rnrn
rn
1. Вродено однесување
rnСпоред експертите за однесување на животните, навиката на мачките да ги следат нивните сопственици е генетска особина, иако многумина веруваат дека мачките се индивидуални и не се премногу приврзани за сопствениците. Малите мачиња добиваат драгоцен информации од нивните мајки за околината, однесувањето и ловењето. Тие ги учат овие работи токму кога ја следат нивната мајка. Покрај тоа, знаат дека освен храна, од мајката ќе добијат и внимание и нежност – нешто што го добиваат и од сопствениците. Па, вашата мачка оди по вас и следи што правите најверојатно за храна, нежност или играње.rn
2. Љубопитност
rnГолем број мачки, без разлика дали улични или домашни, се навистина љубопитни и сакаат да знаат што правите. Од друга страна, постојат и голем број мачки кои едноставно уживаат во друштвото на нивните сопственици, па поради тоа и ги следат.rnrnМеѓутоа, понекогаш ова однесување може да биде знак и за сепарациона анксиозност, односно страв од одделување од сопственикот. Доколку забележите дека на мачката ѝ е навистина тешко кога ќе се одделите од неа, а по вашето враќање забележувате дека уништила нешто, најдобро е да побарате совет од ветеринар кој ќе ѝ помогне на мачката да ја надмине анксиозноста.rn
3. Знак за приврзаност
rnМногу сопственици го сметаат следењето на нивните мачки како знак за приврзаност и љубов, а според експертите ова е точно. Навистина е голем комплимент вашата мачка да ве смета за омилена личност. Тоа значи дека мачката одбрала да биде во ваша близина и дека е заинтересирана за она што го правите. Покрај тоа, можеби сте ѝ недостасувале додека сте биле надвор од дома, па сака да надокнади за изгубеното време и ве следи.rn
Како да реагирате?
rnБидејќи на некој начин мачката ви дала комплимент, би било убаво да ѝ обрнете внимание. Според експертите, секоја мачка бара различно внимание. Доколку вашата мачка сака да си игра, тогаш најдобар начин да ѝ се заблагодарите е тој. Од друга страна ако имате мачка што сака да се гали, погалете ја. Ако пак имате мачка која само сака да биде до вас, дозволете ѝ да го прави тоа. Говорот на телото на мачките е најдобар начин да оцените што му е потребно на вашето милениче.rn
Улични мачки
rnВеројатно ви се случило да ве следи и некоја улична мачка. Веројатно сметате дека не ве познава и дека не би требало да бара внимание од вас. Кога уличната мачка ќе почне да оди по вас, тоа е знак за пријателско однесување, односно знак дека мачката не е дива и дека ѝ годи присуството на луѓе. Можеби пак станува збор и за мачката на некој сосед која веќе е навикната да се движи помеѓу луѓе. Најверојатно од вас бара да ја погалите, или можеби да ѝ дадете хранаrnrnДоколку мачката ве следи и мјаука, но изгледа опуштено, слободно погалете ја. Се разбира, потребно е да не ја исплашите и да бидете нежни. Исто така доколку некоја улична мачка упорно ве следи, можеби станува збор за домашна, која избегала или се изгубила. Доколку забележите ремче, најдобро е да ја однесете на ветеринар кој ќе провери дали има чип и ќе го најде сопственикот. Можете да се обидете да го најдете сопственикот и на социјалните мрежи.rnrnДознајте што значат и останатите „чудни“ однесувања на вашата мачка.
