Постои вечна дебата меѓу сопствениците на кучиња околу тоа дали треба строго да се тренираат милениците или да им се даде повеќе слобода. Секој сопственик на куче има различно мислење и многумина веруваат дека не треба да им се дозволува на кучињата да спијат со вас. Но, делењето на постелата со вашето милениче може да ви донесе многу придобивки. Ова се неколкуте причини зошто треба да му дозволите на вашето куче да спие со вас…
rn
Може да ве смири
rnПознато е дека кучињата помагаат во борбата против анксиозност и депресија. Доколку му дозволите на вашето куче да спие со вас, ќе доживеете значително намалување на стресот по хаотичниот ден.rn
Ќе се чувствувате безбедни
rnПостои причина зошто луѓето спиеле со кучињата уште во антички времиња. Нема никаква врска дали чувате питбул или малтешка пудлица, самото физичко присуство на кучето ќе направи да се чувствувате побезбедни.rn
Ќе ви помогне да спиете подобро
rnНекои луѓе тврдат дека ритмичкото дишење, срцебиење и смирувачкото присуство на кучето се најдобриот лек за несоница и значително го подобруваат квалитетот на сонот.rn
Ќе ја зацврсти вашата врска со миленикот
rnСпиењето во кревет со миленикот е пријатно и за кучето кое не сака ништо друго освен да биде со вас постојано. Секоја минута што ја поминувате заедно, дури и кога спиете, ќе ја зголеми лојалноста и послушноста на вашето куче.rn
Многу е удобно
rnСпиењето со вашиот вистински крзнен пријател е исто како да спиете до радијатор. Освен тоа, слободно можеме да кажеме дека кучињата се како плишани мечиња за возрасни.


