Внесувањето на природата во вашата канцеларија е еден од најдобрите начини да го намалите вашиот стрес, да го подобрите вашето расположение и ефикасноста во работата, да го подигнете нивото на енергија и да ја зголемите отпорноста на болести.rnrn
rnrnТоа не значи дека треба да бидете опкружени со џунгла. Доволни се три растенија високи по 20 см, се тврди во истражувањето кое го направило тимот на професорката Маргарет Бурчет од Технолошкиот факултет во Сиднеј.rnrnВо оваа студија е откриено дека собното растение може да го снижи нивото на токсини во воздухот за дури 20%, а друго истражување открива дека тоа може да го намали уморот, кашлицата, воспалението на грлото и симптомите на настинка за повеќе од 30%, како и честото отсуствување од работа за 60%.rnrnВоедно, воздухот во затворените простории е за 5-10 пати позагаден од оној надвор. Кај луѓето кои во најголем дел од денот престојуваат во затворена просторија, можат да се јават здравствени проблеми како што се кашлица, тешкотии со дишењето, астма и други тегоби во респираторниот систем, како и проблеми со крвните садови.rnrnНекои научници тврдат дека за прочистување на воздухот и одржување на оптималното ниво на влага во просторијата, не се заслужни само билките, туку и микроорганизмите кои живеат во нивните корења, во хумусот и земјата во која се засадени.rnrnСе чини дека главната предност на собните растенија можеби и не се состои во нивното снабдување на просторот со кислород, туку во отстранувањето на јаглеродниот диоксид. Бројни истражувања докажале дека ефикасноста на работното место опаѓа кога расте нивото на јаглерод диоксид (а тоа често се случува во затворените простории во кои работат повеќе луѓе).rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.