КАФЕ ПАУЗА

Зошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?

Зошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?

Досега веројатно сте забележале дека многу 10-годишни деца изгледаат како тинејџери, а таканаречените средовечни луѓе изгледаат толку младо, што е тешко да се поверува. Двата примера се предизвикани од едно нешто – забрзување. Па зошто толку многу деца созреваат рано и кои проблеми можат да произлезат од тоа?rn

Што претставува „забрзувањето“?

rnЗошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?rnrnЛево на фотографијата се наоѓа Мерлин Монро. Таа била висока 162 центиметри. До неа се наоѓа Џенифер Лоренс, чија висина е 170 центиметри.rn

    rn 011

  • Изминативе 150 години, човештвото драстично „порасна“. Просечната висина е 9,14 центиметри поголема од претходно. Денес сме речиси 1 глава повисоки од нашите предци кои живееле на крајот од 19-тиот век. Највисоките луѓе во светот се Холанѓаните, а просечниот Холанѓанец е висок 172.7 центиметри.
  • rn 011

  • Пубертетот започнува многу порано. Во 1860-тите, просечната девојка влегувала во пубертет на возраст од 16,5 години. Денес овој број е околу 10 години. Истото важи и за момчињата, иако обично тие се 1 година поназад од девојките.
  • rn 011

  • Крајот на телесниот развој настанува на 16 години кај девојките и на 18 години кај момците. Претходно било на 20 и 22 години.
  • rn

rnЗошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?rnrnНа левата фотографија е Елена Кузмина, актерка од Советскиот сојуз, фотографирана на 40 години. Десно е Рашел Лефевр, модерна актерка од Канада на истата возраст.rnrnСтарееме значително подоцна од нашите предци. Ова може да биде поврзано со развојот на медицината и квалитетот на храната. Денес, според статистиката, старата личност има 65 години. Но бројките варираат според државата – во Јапонија за стари се сметаат луѓето над 76 години, а во Папуа Нова Гвинеја луѓето се стари на 45 и пол години.rnrnРепродуктивниот период станал подолг поради раниот пубертет. Просечната возраст на која жената влегува во менопауза е околу 50 години. Нема некои поголеми истражувања кои докажуваат дека менопаузата започнува подоцна. Но, некои научници сметаат дека се движиме натаму.rnrnСе менува и градбата на телото. Претходно, висината се зголемувала поради зголемување на долниот дел од телото. Денес се зголемува торзото. Карлицата на жените се смалува, а научниците веруваат дека ова е еволуционарна промена. Го олеснуваме породувањето со царски рез, па телото се адаптира.rn

Технологијата можеби има влијание врз нашето тело

rnЗошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?rnrnОваа фотографија е направена во 60-тите години од 20-тиот век.rnrnЕдно од најпопуларните верувања е дека забрзувањето е предизвикано од технолошкиот напредок на човештвото. Овде спаѓаат:rn

    rn 011

  • Зголемен број часови со дневна светлина поради електричната струја
  • rn 011

  • Зголемена температура во домовите поради затоплување
  • rn 011

  • Брз развој на медицината
  • rn

rnСе верува дека сите овие фактори придонесуваат за помало трошење на телото. Па, телото може да ја троши енергијата на развој, наместо борејќи се со физички проблеми и агресивна околина. Се разбира, тешко е да го побиете ова, но не се само овие фактори кои предизвикуваат забрзување.rnrnЗошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?rnrnПостои и една позагрижувачка научна теорија. Можеби забрзувањето е последица од влијанието на ендокрините нарушувачи (EDC). Кога овие хемикалии се во телото, тие функционираат како хормони. Синтетичките нарушувачи се наоѓаа во пластиката, продуктите за лична хигиена, па дури и во козметиката. Покрај тоа, се користат и како додатоци во некоја храна. Теоријата за забрзување нема никаков цврст доказ за ова во моментот.rn

Влијание на храната

rnЗошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?rnrnСпоред оваа теорија, причината за забрзувањето е целокупното подобрување на квалитетот на храната. Се верува дека најважните фактори се витамините Б6 и Б12 и фолната киселина.rnrnПроменети се и состојките на нашата храна. Според статистиката, денес консумираме многу храна.rn

    rn 011

  • Во 2014-та година, просечната личност консумирала 42,6 килограми месо годишно. Во средината на 20-тиот век, бројката била едвај 22 килограми.
  • rn 011

  • Во Советскиот Сојуз, просечната личност консумирала 36,7 килограми месо, а денес, личност од Русија консумира 72 килограми месо.
  • rn

rnОва не значи дека треба да јадете месо за да бидете повисоки. Но, тешко е да ѝ се спротивставувате на статистиката – во месото има состојки потребни за здравиот развој на телото.rn

Проблемите од забрзувањето

rnЗошто сè повеќе и повеќе 15-годишници изгледаат како да имаат 30 години?rnrnПроцесот на забрзување на модерната млада генерација е навистина двосмислен. Од една страна е навистина логичен кога ќе се земе превид еволуцијата. Но од друга страна, може да предизвика некои социјални проблеми.rnrnНа пример, 11-годишно девојче може да изгледа како возрасна жена, но нејзината емоционална интелигенција е на детско ниво. Ова предизвикува психолошки проблеми, но и проблеми со однесувањето – девојчето има сексуална желба, но не знае што да прави со неа.rnrnИсто така, младата генерација е многу незрела. Во минатото луѓето биле присилени да пораснат многу порано. Причината е едноставна – животот бил многу потежок, па луѓето порано и побрзо ги оформувале нивните карактери.rnrnОвде постои нерамнотежа – физички растеме брзо, но психолошки и емоционално остануваме деца уште многу долго. Неодамна научниците од Велика Британија откриле дека личноста би требало да се смета за возрасна на околу 30 години. Пред оваа возраст, сè уште траат важните физиолошки промени во мозокот, а тие ги одредуваат нашите психа и однесување.rnrnСите знаат дека постојат многу постари луѓе кои ги обвинуваат помладите дека пребрзо сакаат да започнат со нивните животи. Но постојат и оние кои сметаат дека ова е природно и дека не треба да ѝ пречиме на природата во работата. Кое е вашето мислење?