КАФЕ ПАУЗА

Зошто некои љубовни парови обожаваат да си искажуваат нежност во јавност?

Зошто некои љубовни парови обожаваат да си искажуваат нежност во јавност?

Некои парови со задоволство ја покажуваат нивната љубов пред светот, но на други, пак, не им е баш пријатно да се бакнуваат и милуваат пред публика. Најновите истражувања откриваат од каде потекнува потребата за искажување нежност во јавност.rnrnЗошто некои љубовни парови обожаваат да си искажуваат нежност во јавност?rnrnДржењето за рака, бакнувањето во уста и нежното милување преку облека се само некои од начините на кои партнерите си искажуваат нежност пред други луѓе. Истражувањето објавено во списанието „The Journal of Sex Research“ открило дека постои интересна мотивација за таквото однесување.rnrnРезултатите покажале дека главната причина за искажување нежност во јавност потекнува од желбата да се подобри сопствениот имиџ пред околината. Испитаниците сакале да покажат каква личност можат да привлечат во романтична смисла на зборот.rnrnМажите кои учествувале во истражувањето го правеле тоа најмногу за да испаднат „фраери“, а жените за да ги забавуваат мажите или за да предизвикаат љубомора кај одредени припадници на спротивниот пол. Желбата да му покажат на светот колку тие се заљубени во партнерот се нашла дури на второ место.rnrnИстражувањето било спроведено од страна на Универзитетот во Канзас и учествувале повеќе од 350 хетеросексуални лица на возраст од 17 до 35 години, од кои дури 37% мажи и 32% жени признале дека се допирале и бакнувале во уста во јавност.rnrnПсихолозите тврдат дека многу парови имаат потреба луѓето да ја видат нивната врска во позитивно светло, поради што објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи и си изјавуваат љубов на Инстаграм и Фејсбук.