Христијанството во моментов е најголемата религија и се претпоставува дека има 2,2 милијарди следбеници низ целиот свет. Овде спаѓаат 31% од целото население. Главната порака на религијата е мир, прифаќање и љубов, иако голем број следбеници (и учители) не ја практикуваат на овој начин. Но, тоа е сосема друга тема во која нема да навлегуваме денес.rnrn
rnrnЕден од најчестите зборови кои се спомнуваат во христијанството е „Амин“, кој се кажува после молитва, пред и после оброци или после која било света изјава. Дефиницијата на овој збор е всушност „Нека биде“ и на некој начин е афирмација на вашиот говор. Сепак многу следбеници сметаат дека има и други значења – како да се грижите, да бидете внимателни или да верувате во нешто или некого.rnrnАко се вратите малку назад во времето, ќе пронајдете силна врска помеѓу зборот „Амин“ и Египет. Амин (изворно Амун) е египетскиот бог кој е познат како крал на боговите и се верува дека подоцна е имитиран од грчкиот бог Зевс.rnrnОткако се споил со богот на сонцето Ра за да стане Амун-Ра, тој станал единствениот бог на кој му се поклонувало Новото кралство во Египет. Овој период бил од 16-ти до 11-ти век п.н.е. Амун-Ра го гледале како манифестација на потполна совршеност и тој бил сметан како „Бог“ и во христијанството.rnrnПостои вистинска игра на зборови кога станува збор за неговото име. Амин и Ра во комбинација може да го претставуваат таткото и сонцето, со светиот дух кој е проекција на духот на Амин. Со ова настанува светото тројство.rnrnОва совпаѓање во религиите не е ништо ново и она што постои во една религија, речиси сигурно ќе се појави во друга. Можеби нема правилна религија, туку сите се дел од поголема сложувалка која може да се состави само со прифаќање и поклопување на сите религии.rnrnАмин е афирмација за египетскиот крал на боговите, а она што христијаните го нарекуваат Бог е токму истото. Постојат совпаѓања со приказните за Дева Марија и Исус во споредба со Изида и Хор. Озирис и Сет се споредувани со Бог и Сатаната. Можеби приказните ќе продолжат да се повторуваат на разни начини за идните генерации, па оние кои ќе бидат на друго ниво на свесност ќе ја сфатат нивната метафорична вредност.
Зошто кажуваме „Амин“ после молитва?
