На почетокот браковите не се најсреќни. Но, доколку ги преживеете првите 20 години, нештата ќе се подобрат. Или барем така тврдат американските научници. Тие ги анализирале податоците од над 2.000 луѓе кои се во брак и заклучиле дека задоволството на брачните партнери опаѓа во првите 20 години, но потоа се стабилизира и почнува повторно да расте.rnrn
rn
„Иако денес разводите се многу чести, сепак половина од браковите траат засекогаш. Долгорочната прогноза за овие бракови е оптимистична бидејќи нивото на среќа и задоволство стануваат поголеми, а незадоволството се намалува“, изјавил еден од авторите на истражувањето.
rn
„Луѓето сакаат стабилна и задоволителна моногамна врска. Ако ги преживеат сите предизвици што ги носи заедничкиот живот, можат да го добијат тоа“, изјавил сер Пол Колриџ од Фондацијата за брак.
rn
„Понекогаш заедничкиот живот е како неасфалтиран пат полн со камења за кој ви е потребен погон на сите четири тркала, возило опремено со толеранција, емпатија, слични морални и етички вредности и љубезност“, изјавил Френк кој е во брак 39 години и кој се согласува со резултатите од истражувањето.
rnТој додал дека е важно да му овозможите на вашиот партнер да се развие и да биде она што е.rn
„Не треба да стоите толку блиску еден до друг така што си правите сенка. Секој од вас е дрво за себе, но ќе растете заедно.“
rn
„Јас цврсто верувам дека тајната на долгиот брак се љубов, смеење и слушање“, изјавила Барб која е во брак 40 години.
rn
„Бракот е како добро вино. Станувате подобри со годините. Мојот брак сега е подобар од кога било“, изјавила Лана која е во брак 42 години.
rnОвие луѓе зборувале на радио емисија во која се разговарало за истражувањето и ги споделиле нивните искуства и мислења за заедничките животи. По сè изгледа дека тајната на успешниот брак е трпеливоста кон вашиот сопруг или сопруга.rnrnПогледнете ги и непишаните правила за среќен и успешен брак.