Стручните лица за убавина од една лабораторија во Њујорк потврдиле дека зимското време негативно се одразува на кожата на жената и дека придонесува таа да изгледа многу постаро, понекогаш и до четири години.rnrn
rnrnВо ова истражување учествувале 5.000 жени на возраст од 27 до 60 години, чии кожа и очи биле набљудувани за време на лето и за време на зима. Нивниот заклучок бил дека зимата „додавала“ и до 4 години плус на нивната возраст. Лабораторијата „АМА“ како причина го наведува недостатокот на сончева светлина кој придонесува тенот на кожата да биде поблед без никаква свежина, а на лицето подочниците да бидат повоочливи.rnrnПокрај тоа, општата зимска депресија поради постојаното лошо време исто така влијае на изгледот на кожата, а недостатокот на витаминот К е уште една причина за лицето да изгледа уморно.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
