Мајкл и Натали Јанг одлучиле да ги скршат класичните животни правила и да започнат заеднички живот во училишен автобус. Ваквиот чекор го презеле веднаш по нивната венчавка. Наместо куќа, тие свесно одбрале автобус. Го купиле за 3.000 долари и комплетно ја реновирале неговата внатрешност. Го претвориле во вистински подвижен дом и го нарекле „Рози“. Во него имаат сè што им треба за еден скромен живот. Во моментов тие живеат паркирани во дворот на еден нивен заеднички пријател, во северниот дел на Остин, Тексас. Но, наскоро планираат преселба во Вашингтон. Верен придружник им е кучето Атлас, кое пред неколку месеци го нашле како скита по улиците и го направиле нивно милениче. Ова не е нивното конечно решение за сопствен дом, но не се ниту класичната куќа или стан. Во иднина размислуваат автобусот да го заменат со мало бротче.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
