КАФЕ ПАУЗА

Жените кои вежбаат имаат најмногу сексуални партнери

Жените кои вежбаат имаат најмногу сексуални партнери

Од вежбањето има многу придобивки за здравјето, но има и уште едно нешто за кое веројатно не сте ни помислиле – повеќе секс. Имено, според истражување спроведено на Универзитетот Кембриџ, оние кои се занимаваат со спорт имаат најмногу сексуални партнери.rnrnЖените кои вежбаат имаат најмногу сексуални партнериrnrnВо истражувањето учествувале над 7.000 мажи и жени постари од 50 години. Една од 12 жени и еден од пет мажи имале над 10 сексуални партнери во текот на нивниот живот. Истражувањето покажало поврзаност помеѓу вежбањето и сексуалната активност. Жените кои вежбале најмалку еднаш неделно, имале 73% поголеми шанси да спијат со најмалку 10 мажи, за разлика од жените кои вежбале поретко.rnrnИстражувачите ги објасниле овие бројки така што жените кои спортуваат имаат повеќе можности да запознаваат мажи, а со тоа и да го зголемат бројот на партнери. Покрај тоа, вежбањето ја зајакнува самодовербата и го подобрува расположението, нешта што исто влијаат на бројот на сексуални партнери.rnrn21,1% од хетеросексуалните мажи и 6,8% од хетеросексуалните жени спиеле со повеќе од 10 партнери. Во групата хомосексуалци, 84% од мажите имале над 10 партнери. 28,9% од бисексуалните жени имале над 10 партнери и партнерки, а кај лезбејките бројот бил 14,3%.rnrnШто мислите, дали сексот може да се смета за физичка активност?