Денес прифаќањето зема поголем замав од кога било. Каде и да се свртите, социјалните норми и табуа се предизвикани, особено кога станува збор за физичкиот изглед и очекувањата за тоа како треба да изгледаат жените. Сепак живееме во слободно, индивидуално општество каде што не би требало да чувствуваме притисок да исполниме некои неприродни или нереални очекувања.rnrn
rnrnДоколку сте поконзервативни, промените што настануваат може да ви изгледаат навистина брзи, па да не знаете што всушност да следите. Најновиот тренд е познат како „Januhairy“, комбинација од англиските зборови January (јануари) и hairy (влакнесто). Влакнестиот јануари е еден вид предизвик каде што жените им дозволуваат на нивните влакна да растат слободно. Тие се охрабрени да бидат најдобрата верзија од себе и да не ги исполнуваат туѓите мислења и очекувања кога станува збор за нивниот изглед.rnrn
rnrnИако има поминато само една недела од овој месец, жените ширум светот веќе почнаа да објавуваат фотографии од нивниот напредок. Очигледно предизвикот им се допаднал на многу девојки и голем дел од нив сметаат дека доколку мажите „имаат право“ да бидат влакнести и секси, истото треба да важи и за жените.rnrn
rnrnОвие храбри девојки се свесни дека само тие можат да избираат што е добро за нивното тело и дека никој не треба да го контролира тоа. Дали и вие би го пробале овој предизвик?rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Жени кои одлучиле да престанат со отстранување на влакната споделуваат нивни фотографии
