Желни сте за промена? Нека овие цитати ви бидат инспирација!

Сподели

Најчесто, тоа што ни недостига да бидеме она што сакаме да бидеме и онаму каде што сакаме да бидеме се храброста и волјата за промена. Од друга страна да не заборавиме и дека секогаш е вистинското време да почнеме одново и да ги промениме нашите животи. Токму овие цитати ќе ви помогнат да ја прифатите промената, но и ќе ви бидат инспирација да ги остварите вашите желби и соништа.

Реклама

rn

„Кога ќе го промените начинот на кој гледате на нештата, самите нешта ќе се променат.“– Вејн В. Даер

rn

„Она од што најмногу се плашат луѓето е да преземат нов чекор или да изговорат нов збор.“ – Фјодор Достоевски

rn

„Ќе станете зрели во моментот кога ќе престанете да се жалите и да барате изговори, а наместо тоа ќе почнете со промени.“ – Рој Т. Бенет

rn

„Тајната на промената е да ја насочите сета своја енергија не кон борба со старото туку кон градење на новото.“ – Сократ

rn

„Дејствувањето е клучот за секој успех.“ – Пабло Пикасо

rn

„Луѓето кои се доволни луди да мислат дека можат да го променат светот се всушност оние кои вистински го менуваат светот.“ – Валтер Исаксон

rn

„Не очекувајте да видите промена доколку вие самите не се потрудите да ја направите.“ – Махатма Ганди

rn

„Сите размислуваат како да го променат светот, но никој не размислува како да се промени себеси.“ – Лав Толстој

rn

„Не можеме да бидеме она што сакаме доколку и понатаму продолжиме да сме она што сме.“ – Макс Депри

rn

„Животот е сплет на природни и спонтани промени. Не спротивставувајте им се – тоа ќе создаде само тага во вас. Нека реалноста остане реалност. Оставете ги работите да си течат природно.“ – Лао Це

rn

„Личноста која никогаш не згрешила во животот е онаа која не пробала ништо ново.“ – Алберт Ајнштајн

rn

„Промената нема да дојде ако чекаме друга личност или друго време. Ние самите сме промената што ја бараме.“ – Барак Обама

rnОткако ги прочитавте овие инспиративни цитати, можеби ќе сакате да прочитате и за незапирливата моќ на промената.

Извор: yourtango.com

Популарно

Може ќе ве интересира