КАФЕ ПАУЗА

Земји во кои можете да патувате ако сте биле вакцинирани против коронавирус

Земји во кои можете да патувате ако сте биле вакцинирани против коронавирус

Вакцините против коронавирусот се одвиваат низ целиот свет и многу патници се надеваат дека ова ќе им овозможи да патуваат непречено како порано. И додека уште се расправа за таканаречениот ковиден пасош, некои земји веќе започнаа со ублажување на ограничувањата за патниците кои биле вакцинирани или оние кои имаат медицинско уверение за вакцинација.rnrnВо некои земји процесот се одвива побрзо, а веста дека можеме да патуваме во одредени земји без негативен тест и задолжителен карантин е оптимистичка за многумина. Од Словенија до Сејшелите, подолу ви ги пренесуваме сите земји во кои можете да патувате по приемот на вакцината.rnrnЗемји во кои можете да патувате ако сте биле вакцинирани против коронавирус rn

Словенија

rnМожете да влезете во Словенија ако исполнувате еден од следниве два услови. Ако сте имале ковид-19, можете да презентирате медицинско уверение на границата (под услов да не поминале повеќе од 6 месеци од почетокот на симптомите). Вториот услов е да сте примиле вакцина и да имате и лекарско уверение.rn

Естонија

rnНа патниците кои имаат потврда дека ја примиле пропишаната доза на една од 9-те меѓународно признати вакцини им е дозволено да влезат во земјата без ограничувања. Сертификатот за вакцинација мора да биде напишан на естонски, руски или англиски јазик. Укинати се и ограничувањата за луѓето кои имале ковид-19 во изминатите 6 месеци – таквите патници, покрај лекарско уверение, мора да имаат и неодамнешен тест за ПЦР со кој се докажува дека веќе не се заразени со коронавирус.rn

Кипар

rnКипар уште во декември објави дека ќе ги ослободи вакцинираните патници во својата земја од пропишаниот карантин. Оние кои ќе покажат докази на граница дека ги примиле обете дози на вакцината, ќе можат да влезат во земјата без дополнителен негативен ПЦР тест. Ова веројатно ќе се однесува само на патниците кои доаѓаат од дестинации што се на списокот на безбедни земји, а одлуката треба да стапи во сила на 1 март.rn

Грузија

rnГрузија исто така одлучи да ги ослободи патниците кои примиле две дози од која било вакцина против коронавирус. Како доказ, патниците мора да покажат лекарско уверение. Сите оние кои не биле вакцинирани, мора да имаат ПЦР тест не постар од 72 часа. Покрај тоа, потребно е да се изврши уште еден тест на третиот ден од престојот во земјата.rnrnЗемји во кои можете да патувате ако сте биле вакцинирани против коронавирус rn

Исланд

rnВакцинираните патници од земјите на Европската Унија и Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија нема да мора да одат во карантин по пристигнувањето во Исланд од 1 мај, ниту ќе бидат принудени да покажат негативен ПЦР тест. За ова ќе ви треба документ напишан на англиски јазик што докажува дека сте примиле две дози од една од трите главни вакцини.rn

Полска

rnПатниците од земјите на ЕУ можат да ја посетат Полска без да подлежат на задолжителен десетдневен карантин врз основа на потврда за докажување дека биле вакцинирани против ковид-19. Оние кои имаат негативен тест не постар од 48 часа, исто така можат да заминат во Полска без да одат во карантин.rn

Романија

rnНа 18 јануари, Романија го укина карантинот за вакцинираните патници. За оние кои имаат најмалку 10 дена од приемот на втората доза на вакцина и кои имаат доказ дека ја примиле вакцината, задолжителниот карантин при влегувањето во земјата е укинат.rn

Сејшели

rnСејшелите исто така им се придружија во јануари на земјите кои го укинаа задолжителниот карантин за вакцинираните патници. Сепак, оние кои примиле целосна доза на која било вакцина, на граница мора да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, со лекарска потврда дека биле вакцинирани. Патниците кои не примиле вакцина, со негативен тест мора да одат во карантин од 10 дена.rnrnПрочитајте за најубавата џунгла од камени кули.