Факт е дека не треба да ги сфаќате премногу сериозно хороскопските препораки и совети. Но сепак, подгответе се, бидејќи пред вас би можело да има многу возбудлива година. А, шансите за тоа ви се многу поголеми доколку го послушате она што ќе ви го кажат ѕвездите. Затоа ви ги откриваме најдобрите љубовни совети за секој хороскопски знак што во 2018-та година ќе ви донесат среќа. Дури и ако не верувате во хороскоп, се исплати да ги послушате. Нема што да изгубите, се согласувате?
rn
Овен
rnАко сте западнале во врска која не води никаде, во 2018-та година кончено ќе преземете нешто. Започнете малку повеќе да размислувате за иднината и ќе ви се отворат очите.rn
Бик
rnНемојте да дозволувате да ве потценуваат. Вие заслужувате некој што ќе ве сака, што ќе ве почитува и со кого ќе можете да се чувствувате самоуверено.rn
Близнаци
rnЗаборавете на сите лоши работи од минатото и научете да се сакате, а така и другите ќе ве засакаат полесно.
rn
Рак
rnНе дозволувајте им на другите да ја искористат вашата добрина и фокусирајте се малку повеќе на сопствената среќа. Ако некој ве сака, ќе биде подготвен да направи компромиси со вас и да ви возврати сѐ со иста мера.rn
Лав
rnЗа среќа во љубовта треба и вие малку да се потрудите, а тоа понекогаш знаете да го заборавите. Сетете се малку почесто да ѝ покажувате на саканата личност дека ви е грижа и вашата љубов ќе продолжи да цвета.rn
Девица
rnИстапете од својата сигурна зона и покажете ги чувствата, односно отворете се малку повеќе кон личностите за кои се грижите. Ќе се изненадите колку подобро ќе се чувствувате, а и вашата сакана личност позитивно ќе реагира.
rn
Вага
rnЗа промена, ставете се себеси на првото место и инсистирајте на своите желби. Не треба заради тоа да се чувствувате себично, а ако некој ве сака, со задоволство ќе ве задоволи.rn
Скорпија
rnАко сѐ уште не сте го пронашле вистинскиот, тоа не значи и дека никогаш нема да го сторите тоа. Добрите работи обично се случуваат кога најмалку се надеваме и тоа е мисла која треба да ве води и во 2018-та година.rn
Стрелец
rnНаучете да правите разлика помеѓу уживање и љубов. Вистинската љубов треба да ве прави посреќна и подобра личност.
rn
Јарец
rnПрестанете да бидете толку големи критичари кон себе и фокусирајте се на своите предности. Кога личноста сјае со самодоверба, веднаш е и многу попривлечна.rn
Водолија
rnРазмислете за навиките кои би требало да ги промените, бидејќи досега токму тие ве спречувале да најдете среќа во љубовта. Време е да поработите на себе.rn
Риби
rnПрестанете да ги потиснувате сопствените емоции и почесто отворајте ѝ се на саканата личност. Со тоа ќе ѝ дадете до знаење дека ѝ верувате, а дури и ако не добиете некаков совет, ниту одговор, ќе се чувствувате подобро, бидејќи со некого сте го споделиле она што ве растажува.


