Знаеме дека криете нешто, дека имате тајни. Исто, знаеме што криете. Но, не грижете се, не сте сами. Многумина ги прават овие работи иако никогаш не би признале.rnrn
rn
Кога немате перена долна облека користите костим за капење за истата намена
rnАко долната облека не е испрана, а вие мора да излезете веднаш од дома, и немате што да облечете, ќе наврете набрзинка долен костим за капење. Кога мора да се снаоѓаш, мора. А и не е толку страшно. Кој ќе знае што носите на себе?rnrn
rn
Ги „демнете“ пријателите на социјалните мрежи
rnОк, здодевно ви е, нема што да правите, плус сте љубопитни за нечиј живот. Фаќате и прегледувате сè што му/ѝ се случувало на ФБ. Да, знаеме, звучи лошо. А знаете што е уште полошо? Знаеме дека одвреме-навреме ќе ѕирнете и во профилите на бившите, иако мина долго време и сте го/ја преболеле.rnrn
rn
Јадење лоша храна и остатоци од храна
rnКако вчерашната пица со тврда корка, или ненаситното ждерење на последните неколку колачиња или пудингот со сомнителен рок на траење што се правите дека не го забележувате. Во ред е, сите знаеме да бидеме дрчни понекогаш.rnrn
rn
Потфрлате со личната хигиена
rnНе сте понеле со себе четка за заби на викенд на место кое нема допир со цивилизација и се „четкате“ со прст. Или, немате време да измиете заби и набрзинка лапате мастика. Може и да доцните негде па да не се истуширате туку да потрошите пола дезодоранс. Упс.rnrn
rn
Кажување „бели“ лаги
rnДа, знаеме, но не грижете се, вашата тајна е безбедна со нас. Не, не бевте толку зафатени едноставно заборавивте да ѝ ѕвоните, и не треба да одите таму и таму едноставно не сакате да се видите со личноста. И да, не ве боли стомак туку не ви се работи по дома.rnrn
rn
Преправање дека имате супер живот на социјалните мрежи
rnДа се разбереме, ничиј живот не е совршен, а луѓето, кој помалку кој повеќе, ги користат социјалните мрежи за да покажат дека живеат посреќен, поудобен и побогат живот.rnrn