Убаво скроениот костум или малиот црн фустан ќе биде одличен избор за повеќето од нас, но не и за ова момче од Бригтон, Велика Британија. Тој одлучил дека нема причина да се облекува според најновата мода, никогаш повеќе.rnrn
rnrn
rnrnЗошто да носите нормална облека, кога можете да изгледате како принц од Дизни секој ден, особено ако тоа ве прави да се чувствувате добро и имате прилика да го претворите во успешен бизнис. Погледнете за што станува збор.rnrn
rnrn
rnrnЗек Мак Леод е 25-годишник од Бригтон кој одлучил дека модерната облека не му оди во прилог. Тој порано носел нормална облека, но го мразел секој момент од тоа, па затоа почнал да си креира историски костуми.rnrnТој на 14 години го запалил последниот пар фармерки и денес не поседува никаква модерна облека. Од тој ден па наваму, тој носи само историска облека каде и да оди.rnrn
rnrn
rnrnИако на многу луѓе ова им изгледа чудно, сепак тој цврсто верува во својот моден избор и не му сметаат коментарите што ги добива од луѓето. На крај, единствената работа која му е важна, е тој да се чувствува прекрасно во облеката која ја носи. Затоа и неговата самодоверба се зголемила откако почнал да го прави тоа.rnrn
rnrnСо ваква самодоверба тој не планирал да се врати на нормалната облека. Со текот на времето, забележал и дека луѓето се прилично заинтересирани за ова што го прави, што дури и му плаќале, овозможувајќи ова негово хоби да прерасне во кариера.rnrnОва скромно момче прави облека од 1660-тите до 1920-тите години, каде што главниот фокус му е насочен кон Георгианскиот и Регентскиот период, добивајќи нарачки дури и од Америка.rnrn
rnrnПогледнете ја и оваа професорка со необичен стил која стана модна икона.
Запознајте го Зек, момчето што се откажало од модерната облека и носи само историска
