Ако некогаш сте се обиделе да си замислите булдог со веѓи, тогаш нема да можете да престанете да ги гледате фотографиите од ова куче! Англискиот булдог од Германија, со урнебесното име Мадам Ајбраус (Госпоѓа Веѓи) има невообичаени сиви линии над очите што изгледаат како веѓи во уникатна позиција, правејќи го изразот на кучето постојано тажен.rnrn
rnrnКога ја гледате Мадам Ајбраус не можете да не помислите дека таа нема ниту една радост во нејзиниот живот. Но, според нејзината сопственичка, Џанина, изгледот на кучето дава сосема погрешен впечаток. Всушност, Мадам е многу среќно и будалесто куче.rnrn
rn
„Во реалниот живот, ќе ви требаат само неколку минути за да сфатите дека таа е навистина среќна“, вели Џанина. „Ние не го гледаме нејзиното тажно лице. Ние гледаме колку е забавна таа.“
rn
rnrnТаа обожава да се гали и постојано го мрда опавчето во знак на возбуда. За жал не можеме да ја видиме нејзината среќа во овие фотографии, но можеме да се посмееме на нејзиниот израз што делува како да ѝ се срушиле сите светови пред неа…rnrn
rnrnЗапознајте ја i Луху: Најтажното маче во светот што ќе ви го скрши срцето!
