Десет нови ангели ги добија своите крилја и неколку бесплатни градници. Една од најпопуларните компании за долна облека сподели 25-секунден клип во кој ги претстави своите нови вработени девојки кои како и секогаш изгледаат прекрасно и неодоливо. Овие ангели всушност ги заменуваат Карли Клос и Доуцен Крос кои неодамна официјално ги предадоа своите ангелски крилја.rnrnrn
1. Кате Григориева
rn
rnrnТаа е професионална танчарка во областа на балското танцување. Пред да започне со својата кариера во модниот свет, дипломирала во уметничко училиште и магистрирала во областа на маркетинг.rn
2. Тејлор Хил
rn
rnrnТаа била откриена на ранч за коњи во Колорадо. Сака нова музика, читање, сноубординг и вежбање јога.rn
3. Елса Хоск
rn
rnrnЕлса започнала со својата работа како модел откако нејзиниот татко испратил фотографии во локална агенција. Потоа морала да ја балансира својата работа како модел со нејзината професионална кариера во кошарката, но неодамна се откажала од спортот и се посветила целосно на светот на модата.rn
4. Марта Хант
rn
rnrnТаа била откриена во нејзиниот град во Северна Каролина кога се пријавила на натпревар за модели. Обожава да готви, да сурфа и да танцува.rn
5. Јач Јагачак
rn
rnrnТаа била откриена за време на кастинг кој се одржувал во еден шопинг центар во нејзиниот роден град во Полска. Таа доаѓа од атлетска фамилија и како мала тренирала атлетика. Исто така обожава да спортува и да готви.rn
6. Стела Максвел
rn
rnrnСтела живеела насекаде ширум светот, но таа била откриена од страна на еден агент од Нов Зеланд. Обожава тенис, планинарење и патување.rn
7. Лаис Рибеиро
rn
rnrnТаа боксува, игра одбојка и фудбал. Таа исто така има страст за салса танцување.rn
8. Сара Сампаио
rn
rnrnТаа неколку пати ја освоила наградата „Најдобар женски модел“ во Португалија. Исто така има кафеав појас во карате, свири виолина и обожава да сурфа.rn
9. Ромеи Страјд
rn
rnrnТаа има страст за дизајн на ентериер и готвење и ја одржува својата линија со трчање и боксување.rn
10. Џасмин Тукс
rn
rnrnТаа тренирала гимнастика 14 години и во средно играла одбојка. За себе вели дека е личност која обожава храна и која секогаш е расположена за нови и егзотични оброци.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
